за

Мажите се поголема опасност во сообраќајот од жените

Мажите се поголема опасност во сообраќајот од жените
Мажите се поголема опасност во сообраќајот од жените

Според британска студија, мажите почесто учествуваат во незгоди со кобни последици од жените, дури и кога се прави сооднос со извозените километри.

Британските научници заклучија дека машките возачи претставуваат поголема опасност во сообраќајот од жените. Тие ги анализирале податоците за незгодите со кобни последици во периодот меѓу 2005 и 2015 година. Разликата меѓу половите била најголема кај мотоциклистите. Машките возачи учествувале во незгоди со загинати десетпати повеќе од дамите на мотоцикл. Статистиката ја зема предвид и извозената километража.

Кај патничките автомобили и доставните возила, ризикот од мажите е двојно поголем, ценат научниците од Универзитетот Вестминстер во Лондон. Најмали разлики имало меѓу возачките и возачките на автобус. Научниците ценат дека драстичните разлики кај возачите на мотоцикл се резултат на различната моќност на мотоциклите, односно дамите обично избираат послаби модели.

Резултатите од британската студија наидоа на одобрување и пошироко во стручната јавност. Мажите се однесуваат поагресивно и влегуваат повеќе во ризик отколку дамите, што соодветно се покажува и преку стастистиката за насилствата.

Најбезбедно е кога дама седи зад воланот на камион. Студијата укажува дека „камионџиките“ се побезбедни на пат. Машките возачи на камион учестувале во незгоди со загинати четирипати почесто отколку дамите, мерено според бројот на извозени километри. Соодветно на тоа, авторите на студијата заклучуваат дека треба да се зголеми бројот на дами што управуваат со камиони. На тој начин се намалува и опасноста за останатите учесници во сообраќајот.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Калифорнија дозволи тестирање на роботски возила за достава

Калифорнија дозволи тестирање на роботски возила за достава

Toyota Harrier

Toyota за јапонскиот пазар има RAV4 со изглед на RX