Само една од секои десет продадени Тојоти во Европа не е хибрид или електрична

Тојота достигна рекоден удел на возила со електрифициран погон од 86 проценти, откако продажбата на чисто електрични возила се зголеми речиси двојно.

Тојота би-зи-4-крос е најпродаваниот електричен автомобил на марката, со преку 12.000 возила за три месеци; На сликата: За време на супертестот во Аутомедиа

Тојота Мотор Европа во првото тромесечје продаде 138.103 возила и со тоа заостанува одвај 1 процент зад ланскиот исход, но голем напредок има кај електричните модели, чијашто продажба во периодот порасна за 85 проценти.

Вкупниот удел на продадени возила со електрифициран погон на Тојота во Европа, што вклучува хибриди, приклучни хибриди и батериски електрични автомобили, во првите тр месеци од 2026 година се зголеми за 8% во споредба со лани, и достигна рекордни 86% од вкупната продажба.

Со освежувањето на би-зи-4-крос, со стартот на комплетно новата Ц-ХР+ и со Урбан Крузер, батериските електрични автомобили на Тојота постигнаа раст од 79 проценти во споредба со продажбата во првите три месеци лани.

Тојота е втора најпродавана марка патнички автомобили во Европа, зад Фолксваген, со пазарен удел од 6,6 проценти и со продадени 297.581 возила.

Јарис Крос е најпродаван модел во сегментот Б-СУВ, каде што држи 19% од пазарот. Нему му се придружуваат Јарис, целото моделско семејство на Корола, Ц-ХР и би-зи-4-крос. Вкупниот удел на електрифицирани возила изнесува 85%, за девет повеќе од лани.

Батериските електрични автомобили (БЕВ) ја зголемија продажбата за 85% со вкупно 25.640 возила. Тоа е заслуга на освежувањето на би-зи-4-крос, но и на воведувањето на Ц-ХР+ и на Урбан Крузер.

Добро се држи и огранокот со доставни возила Тојота Професионал, со продадени 40.039 возила за три месеци и раст од 8 проценти. Побарувачката е најголема кај Хајлукс, со продадени 11.615 возила и раст од 7 проценти. Кај Проејс. Побарувачката за БЕВ пораснала за 47 проценти.

Луксузната марка Лексус следи со 20.522 возила и со целосно електрифицирана продажба на западноевропските пазари. Заедно со останатите пазари, тој удел пак достига 97 проценти. Главни двигатели на пазарот се луксузниот Р Икс, со раст од 60 проценти, а добро се држи и Лексус ЛБИкс со 6.215 возила за три месеци.

Вкупни резултати за TME јануари – март 2026:

  • Вкупна продажба: 318,103 (-0.9% )
  • Вкупно со електрифициран погон: 272,928 (+10% )
  • Вкупно удел на електрифицирани: Западна Европа: 91%, Средна Европа: 83%, Источна Европа*: 62% – Вкупно: 86% (+8 процентни бодови )

Достигнувања на Тојота јануари – март 2026:

  • Продажба на Тојота: 297,581 (-0.5% )
  • Најпродавани (патнички): Јарис Крос (55,733); Јарис (43,964); Корола гама (39,699); Тојота Ц-ХР (39,688); Корола Крос (14,884); би-зи-4-крос (12,432)
  • Вкупно со електрифициран погон: 253,026 (+11% )
  • Најпродавани електрифицирани (патнички): Јарис Крос Хибрид (55,733); Јарис Хибрид (43,963); Тојота Ц-ХР (39,688); Корола Хибрид (32,411); би-зи-4-крос (12,432)

Продажба на Тојота Професионал (Хајлукс и Проејс): 40,039 (+8%)

  • Удел на електрифицирани: Западна Европа: 90%, Средна Европа: 81%, Источна Европа*: 62% – Вкупно: 85%

Достигнувања на Лексус јануари – март 2026:

  • Вкупно продажба Лексус: 20,522 (-7.1% )
  • Најпродавани: Н Икс (6,720); ЛБ Икс Хибрид (6,215), У Икс (2,307), Р Икс (2,258), РЗ (1,520)
  • Вкупно со електрифициран погон: 19,902 (-6% )
  • Удел на електрифицирани: Западна Европа: 100%, Средна Европа: 100%, Источна Европа*: 68% – Вкупно: 97%

* во Источна Европа се опфатени и Казахстан, Кавказ, Украина, Турција и Израел.

Претходна објаваДонгфенг цели на 5 милиони возила и 40% извоз до 2030 година
Следна објаваДачиа Бигстер суперавтомобил: Со хибрид, погон 4х4, автогас

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here