за

Новата Ц-ХР ѝ донесе на Тојота раст од 19 проценти на германскиот пазар

Четири од секои пет продадени автомобили на Тојота во Германија во јуни биле хибридни или електрични модели. Успешен старт на Ц-ХР.

Втората генерација на кросоверот Ц-ХР наиде на одлична прифатеност меѓу германските возачки и возачи. Со одличен старт, Ц-ХР имаше влијание за продажбата на Тојота на најголемиот европски пазар во првото полугодие да се зголеми за 17 проценти.

Тојота во јуни испорача 9.570 нови автомобили на германскиот пазар, што претстаува раст од 19 проценти во споредба со лани. Тоа што убедува дополнително во курсот на јапонската марка е уделот на моделите со хибриден или електричен погон. Дури 80 проценти од продадените возила во јуни се со електрифициран погон.

Продажбата по модели за јуни уште не е објавена од официјаланта германска статистика, но според податоците до мај, Ц-ХР во првите пет месеци бил четврти најпродаван модел на Тојота со продадени 3.909 возила, по Јарис/Јарис Крос со 10.739 возила, потоа Ајго со 7.706 возила и Корола со 6.908 примероци.

Во второто тромесечје, од април до јуни, Тојота ја зголеми продажбата за 19 проценти, што е далеку над просечниот раст на целиот германски пазар. Постојаното унапредување на понудата од хибридни модели, како и воведувањето на модели со приклучен хибриден погон и електричен погон, на јапонската марка ѝ донесоа висок удел од 3,1 проценти на германскиот пазар. Приватните купувачи почесто се решаваат за Тојота, уделот на марката на приватниот пазар се искачи на дури 3,8 проценти.

Популарноста на хибридот расте сé повеќе, во јуни дури 80 проценти од продадените Тојоти во Германија биле хибриди и ЕВ

Голем дел од заслугите за тоа ѝ се припишуваат на втората генерација на кросоверот Ц-ХР. Тојота го нуди новиот модел со две варијанти на хибриден погон, а по ново и во варијанта со приклучен хибриден погон. Дополнително на тоа, се нуди и изведба со погон на сите тркала, како и спортска изведба ГР Спорт.

Новата Тојота Ц-ХР двапати беше на тест-возење во Аутомедиа

1.8 Хибрид Култ

2.0 ГР Спорт АВД-и

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Германските производители бараат ЕУ да се откаже од казнени царини за кинески автомобили

Тест · Волво Е Икс 30 · Високо концентрирана форма на волвовство