Toyota го разви хуманоидниот робот Кју уште пред долги години, со цел да истражува на полето на вештачката интелигенција. Роботот се докажа со прецизните шутеви, научи и да дрибла, а сега може и да игра како вистински кошаркар.
Групата од инженери доброволци na Toyota (TES, Toyota Engineering Society, формирана во 1947, брои 30.000 членови), почна да работи на проектот за вештачка интелигенција во 2017 година. Проектот резултираше во човековиден робот со име Кју. Идејата за роботот да се впушти во кошарка потекна откако еден член на тимот ги спомна зборовите на Ханамичи Сакураги, херој од стрипот за кошарка Slam Dunk: „Дали 20.000 шутеви ќе бидат доволни за вежбање?“ Така развојот на роботот продолжи во насока на усовршување на Кју во кошаркар, што ќе користи вештачка интелигенција за најточно да го пресмета шутот и никогаш да не утне.
Оттогаш, Кју мина пет фази на развој. Во првата фаза во март 2018 година, тој беше висок 190 cm и тежок 75 kg, прв робот регистриран како професионален кошаркар. Кју во четвртата генерација е висок 209 сантиметри, тежи 91 килограм и носи број на дрес 94. Место 12 секунди, подготовката и изведувањето на шутот сега трае само три секунди. Во натпреварот во слободни фрлања во 2019 година, Кју 4 постигна погодок во 11 од 25 обиди. Моментно е на сцената Кју 5.
Во декември лани, Кју покажа како владее со новостекнатата вештина на дриблање. Тоа е постигнато со воедувањето нова оска на ротација со левата рака. Во исто време се елиминираа непотребните движења, се намали и енергијата потребна за движење на роботот, како и вибрациите при динамичните вежби. Напредокот очигледно се одвива на сите полиња.
На барање на Комитетот, Кју се појави и на Олимпијадата Токио 2020, но тоа не беше пренесувано на тв-каналите. Друштвените мрежи сепак не го пропуштија настапот на Кју 5.
Се работи на следен предизвик, цик-цак дриблање.
A basketball robot. For your pleasure. pic.twitter.com/5LZF2vpwNg
— Ann Killion (@annkillion) July 25, 2021















