Во тестирањето на клубот ADAC за избор на најеколошките автомобили, два модели на Toyota се пласираа во најдобрата група. Toyota Mirai е единствен автомобил со погон на водород што поминал тест во клубот и не испушта ниту грам СО2. Вториот модел е Yaris Hybrid. Двата модели освоија највисока оцена од пет ѕвезди.
Лабораториските мерења се едно, вистинските вредности што се добиваат при нормирано возење во вистински услови се друго. Toyota уште еднаш докажа дека нејзините автомобили се штедливи и имаат исклучително ниска емисија на штетни материи, во реални услови на возење. На специјалните тестирања на автоклубот ADAC, што ставаат нагласок на влијанието на автомобилите врз животната средина, два модели на Toyota се најдоа меѓу 10-те најдобри во конкуренција од преку 110 модели. Едниот модел, дури и воопшто не испушта штетни материи.
ADAC уште во 2003 година започна со сопствени тестирања, во коишто објективно и независно се утврдува како секој тестиран модел влијае врз животната средина. Во минатата година, најголемиот автомобилски клуб во Европа, стави под лупа вкупно 112 автомобили. За секој од нив се мереше емисијата на штетни материи и емисијата на СО2.
За секоја категорија на емисија се доделуваат бодови, коишто потоа решаваат за бројот на ѕвезди во оцената. Нема разлика меѓу големината, класата или видот на погонот, сите автомобили се тестираат според истите мерила
Не е изненадување тоа што Toyota Mirai, како единствен автомобил со погон на водород на еко-тестот, се пласираше меѓу најчистите модели. Горивната ќелија, којашто е срцето на погонот, преку хемиска реакција на водородот создава електрична енергија. Таа го напојува електромоторот со моќност од 130 киловати, односно 182 КС. Лимузината од средна класа моментно вози во втората генерација на моделот и со полна резерва од водород минува до 650 километри. Единствено што излегува од погонот е водена пареа.

Yaris Hybrid уште е свежо крунисан победник во категоријата на најдобра противвредност според ADAC, а веќе освојува уште една титула. Популарниот градски модел и воедно носител на титула на европски автомобил на 2021 година, освои максимални пет ѕвезди за еко-билансот. Хибридниот погон во Toyota Yaris е во четвртата генерација. Инженерите го конструираа трицилиндарскиот бензинец од 1,5 литар да биде шампион во поглед на брзината на процесот на согорување. Тоа води до висок вртежен момент при ниски вртежи, и секако, до ниска потрошувачка.
| Марка и модел | Гориво | Еко тест g CO₂/km | Ѕвезди | Бодови CO₂ | Бодови штетни материи |
| SEAT Leon 1.0 TGI | Метан | 91 | ★★★★★ | 53 | 50 |
| VW Golf 1.0 TGI | Метан | 93 | ★★★★★ | 52 | 50 |
| Hyundai Kona EV (64 kWh) | Електро | 84 | ★★★★★ | 55 | 46 |
| Fiat 500e Cabrio (42 kWh) | Електро | 87 | ★★★★★ | 54 | 45 |
| Renault Twingo Electric | Електро | 88 | ★★★★★ | 54 | 44 |
| Polestar 2 Long Range Single Motor | Електро | 93 | ★★★★★ | 52 | 43 |
| Opel Corsa-e | Електро | 94 | ★★★★★ | 52 | 42 |
| Toyota Mirai | Водород | 120 | ★★★★★ | 43 | 50 |
| Suzuki Swace 1 Hybrid | Хибрид | 126 | ★★★★★ | 41 | 49 |
| Toyota Yaris 1 Hybrid | Хибрид | 131 | ★★★★★ | 40 | 50 |
| Opel Mokka-e | Електро | 102 | ★★★★ | 49 | 40 |
| Renault Clio E-TECH Hybrid 140 | Хибрид | 134 | ★★★★ | 39 | 48 |
| BMW iX3 | Електро | 106 | ★★★★ | 48 | 38 |
| Ford Mustang Mach-E Extended Range | Електро | 108 | ★★★★ | 47 | 37 |
| Mercedes-Benz EQA 250 | Електро | 108 | ★★★★ | 47 | 37 |
Меѓу најдобрите 15 модели на еко-тестот на ADAC нема ниту еден модел со обичен погон со мотор со внатрешно согорување. Suzuki Swace и фактички е уште една Toyota во Топ 10, затоа што се работи за Toyota Corolla 1.8 Hybrid Touring Sports.
Пример со Hyundai Santa Fe SEVEN 2.2 CRDi Signature 4WD DCT, за измерените вредности според коишто ADAC оценува за еколошката погодност на моделите на тест:
Hyundai Santa Fe SEVEN 2.2 CRDi Signature 4WD DCT
Вкупна оцена на еко-тестот
| Оцена на еко-тест | |
|---|---|
| Вкупно бодови | 47 бодови |
| Штетни материи | 35 бодови |
| CO2 | 12 бодови |
| Датум на тест | 03/2021 |
Детални податоци за еко-тестот
| Потрошувачка | 6,90 / 6,8 l/100km (производител/ ADAC Ecotest) |
| Потрошувачка на тест на ADAC | 6,5 / 6,0 / 8,3 l/100km (град / пат / автопат) |
| Емисина на CO2 | 155 / 215 g pro km (производител/ ADAC Ecotest (WTW)) |
| Штетни материи (ADAC Ecotest) | HC: 18 mg/km CO: 37 mg/km NOx: 139 mg/km Маса на честички: 0,1 mg/km Број на честички : 0,03112 10¹¹/km |
| Моќност | 148 kW |
| Зафатнина | 2151 ccm |
| Класа на издув | Euro 6d-ISC-FCM (WLTP) 36AP-AR |
| Вид на мотор | Дизел |
| Должина / Ширина / Висина | 4785 / 1900 / 1685 mm |
| Менувач / Степени | Автоматски (Двојна спојка) / 8 |
| Гориво | Дизел |
| Вртежен момент | 440 Nm при 1750 U/min |
>>> Со Toyota Yaris Hybrid во Велес, градот на поетите и гемиџиите

















