за

Во САД приведен возач што пукал во Tesla во возење

Чудна омраза кон возачите на Tesla по американските патишта. Уште еден случај се прошири вирално по Тикток, овојпат има пукање.

Приведен е возач што пукал во Тesla по соседната лента, на автопат во близина на Сакраменто. Пукањето се случило утрото на 29-ти јуни, по магистралниот пат број 5 во сојузната американска држава Калифорнија.

Според записникот на калифорниската сообраќајна полиција, возачот на Tesla се движел нормално по својата лента, кога возач на друго возило напред подзапрел да го сочека електричниот автомобил и потоа пукал директно во него, по што се распрснало стаклото на страничниот прозорец. Полицијата исклучи секаква можност дека осомничениот користел огнено оружје.

Целиот настан е уредно снимен од камерите на Tesla, вклучувајќи го моментот кога осомниченото лице насочува некаков уред и пука кон возилото што го пушта да одмине. Локалните телевизии контактираа со сопственикот на Tesla, извесен Разван Главан. Тој штотуку го купил електричниот автомобил.

Видеото било објавено на Тикток и се раширило вирално, прикажувајќи ја регистерската таблица, за јавноста да може да пријави на полицијата штом го забележи возилото.

Полицијата започнала потрага, којашто завршила успешно. Осомниченото лице е 42-годишниот Хозе Елисео Капачо Бониља. Тој бил приведен додека спиел во автомобилот што бил уловен од камерите на Tesla.

Во возилото се пронајдени два уреди од домашна изработка, за коишто постои сомневање дека се користеле за испукување проектили. Исто биле пронајдени и неколку воздушни пуштоли и дузина камења обработени во форма на топка.

Нема повредени во случајот, но Главан стравува дека во случај некој да седел на задната клуипа, би се здобил со сериозни повреди.

Бониља се соочува со обвинение за вандализам, напад со смртоносно оружје и фрлање предмет кон возило.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Последниот Lotus со бензинец има мотор од AMG

Ауто Билд ги препорачува овие 10 користени компакти