Tesla ја скусува продукцијата во германската фабрика

Американскиот производител на електрични возила Tesla ја скусил продукцијата во својата фабрика во Германија, на 4.350 возила неделно за јули и јули, откако таа достигна 5.000 возила неделно во март. Внатрешните документи и анонимни извори, укажуват дека се планира натамошно намалување.

Tesla кон крајот на март објави на мрежата X, друштвената платформа што светот првично ја познаваше како Твитер, дека фабрката во Гринхајде, во близина на Берлин, достигнала продукција од 5.000 возила неделно. Вработени што сакаат да останат анонимни, изјавиле за Бизнис Инсајдер, дека тоа било еден и единствен случај. Просечната продукција оттогаш е намалена значително, се наведува во објавата.

Во јуни, Tesla кажа дека го смалила бројот на привремени работници, во споредба со почетокот на работата на фабриката, затоа што тие повеќе не биле потребни. Плановите за бројот на произведени возила сепак ќе биле исполнети.

Според увидот во фотографиите на коишто се гледа софтверот за работните процеси во фабриката во Германија, Бизнис Инсајдер вели дека производителот на електрични возила ја намалил продукциската цел за јули и август на 870 возила дневно.

Дури и оваа цел не била исполнета, затоа што на 25-ти јули и на 28-ми јули, во фабриката биле произведени само 692, односно 806 автомобили соодветно. Тоа го покажуваат сликите на софтверот што се објавени од Бизнис Инсајдер.

Продукциската цел понатаму била скусена на 750 возила дневно, што дава помалку од 4.000 возила неделно. Тоа за економскиот медиум го изјавиле вработени во фабриката, што сакаат да останат анонимни.

Од Tesla не одговорија на прашањето од Ројтерс.

Бизнис Инсајдер наведе дека од компанијата не одговориле на низа прашања поврзани со продукцијата на германската фабрика.

За отворањето на фабриката на Tesla во Гринхајде, во близина на Берлин, беше организирана голема забава

Американскиот производител, од завршетокот на минатата година, неколкупати ги намали цените во САД, Кина и на други големи пазари. Покрај тоа, се воведуваа и попусти и други видови на промотивни акции, со цел да се смали бројот на возила на залиха и компанијата да се одбрани од заострената конкуренција, како и од економската неизвесност.

Tesla во јули објавио дека планира капацитетот во фабриката во Гринхајде да го зголеми на 1 милион возила годишно, но не наведе временска рамка за тоа. Компанијата пред тоа одби да коментира, кога планира продукцијата во фабриката да ја зголеми на 6.000 возила неделно.

Претходна објаваStellantis преку спојување со Leapmotor ќе ја освојува Кина
Следна објаваПатување со Porsche, издание 2023: По возење Porsche се зборува многу тивко

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here