Тесла целосно го запира производството во Германија, причината е војна. Поради нападите на Хутите, бродовите што по Црвеното Море ги носат деловите до фабриката, сега мора да ја заобиколат Африка. Тоа значи дека фабриката во Берлин ќе мора да мирува.
Производителот на електрични автомобили Тесла мора да го запре производството во фабриката во Гринхајде, во близина на Берлин. Поради нападите на јеменските Хути-одметници врз бродовите по Црвеното Море, германската фабрика мора две недели да мирува целосно.
Поради продолжувањето на патот на транспортот, појавена е празнина во ланецот на набавки, соопшти Тесла во четвртокот.
„Поради недостиг од компоненти, во периодот меѓу 29-ти јануари и 11-ти февруари сме принудени да го ставиме производството на возила во гигафабриката во Берлин-Бранденбург во мирување, со исклучок на неколку подрачја“, објавија од компанијата. По 12-ти февруари, производството повторно ќе биде ставено во полн обем.
Поморските компании мора да избегнуваат важна трговска рута поради војната во Газа
Од избувнувањето на војната во Газа, меѓу Израел и исламистичкиот Хамас, Хути-одметниците постојано ги напаѓаат бродовите по Црвеното Море, за коишто постои убедување дека се поврзани со Израел. Досега се нападнати 27 интернационални трговски бродови.
Суецкиот канал го поврзува Средоземното Море со Црвеното Море и претставува најкуса врска на поморскиот пат меѓу Азија и Европа. Големите поморски компании сé почесто ја избегнуваат оваа важна трговска рута. Според податоците на САД, повеќе од 2.000 бродови биле пуштени по обиколниот пат. Заменската рута околу јужноафриканскиот ‘Рт на добрата надеж, сепак е многу подолга.
„Воените конфликти по Црвеното Море и менувањето на транспортните рути меѓу Европа и Азија што е последица од тоа, преку ‘Ртот на добрата надеж, влијаат и врз продукцијата во Гринхајде,“ соопштуваат од Тесла.
#GigaBerlinBrandenburg
has to largely halt production for around two weeks due to attacks by Yemen’s Huthi rebels in the Red Sea.
“Due to a lack of components, we are therefore forced to suspend vehicle production at GigaBerlin for the period between January 29 and February 11,… pic.twitter.com/KwiGaLsvCo— Gigafactory Berlin News (@Gf4Tesla) January 12, 2024
Нападите по Црвеното Море општо можат да ја запрат конјунктурата, затоа што по тој пат се превезува и нафтата. САД и Велика Британија во ноќта кон петокот извршија напади врз Хути-одметниците во Јемен.
Тесла произведува во Гринхајде од март 2022 година. Таму работат околу 11.500 лица. Тесла има намера продукцијата во германската фабрика да ја зголеми од планираните 500.000 автомобили на еден милион автомобили годишно, преку проширување на фабриката. Во моментов се произведдуваат по околу 250.000 возила годишно. Соодветно ќе се зголеми и продукцијата на батерии, од 50 на сто гигаватчасови. Еколозите се загрижени околу проширувањето на фабриката.
















