Според најслужбените статистички податоци што ги објавуваат аналитичарите на Jato Dynamics, најпродаван целосно електричен модел во Европа во 2022 година е Tesla Model Y, а веднаш зад него е уште една Tesla, лимузината Model 3. Дури на третото место е Volkswagen ID.4.
Близу 230.000 примероци од Tesla Model Y и од Tesla Model 3, двата најпродавани модели со целосно електричен погон во Европа во 2022 година. Наспроти тоа, само 67.490 примероци од Volkswagen ID.3, третиот најпродаван електро-модел на 28-те најголеми пазари во ЕУ лани. Тоа се чини дека е апсолутна доминација на американската марка, зад којашто стои контроверзниот Илон Маск, меѓу другото и сопственик на сателити што се наоѓаат погодни за управување ракети над воени подрачја.
Но, како што тоа секогаш бива, за да се добие целосната слика, треба да се погледне малку пошироко. Во европскиот Топ 50 на најпродавани целосно електрични модели, вистина е дека Tesla ги запоседнува првите две места, со Model Y и Model 3, и тука завршува целото присуство на марката.
Вистинскиот лидер сепак е некој друг производител на автомобили. Volkswagen, концернот, наспроти двата модели на Tesla, во Топ 50 има дури 12 модели, вклучувајќи и многу профитабилни луксузни крстосувачи, од ковот на Audi e-tron, и секако, Porsche Taycan.
Само моделите што се базирани врз платформата MEB ја престигнуваат Tesla без какво било колебање.
Продажба на модели од концернот Volkswagen што се базираат врз платформата MEB (податоци Jato Dynamics)
| Volkswagen ID.4 | 67490 |
| Volkswagen ID.3 | 53015 |
| Skoda Enyaq | 49566 |
| Cupra Born | 32405 |
| Audi Q4 | 27858 |
| Volkswagen ID.5 | 21103 |
| Audi Q4 Sportback | 14469 |
Вкупно |
265906 |
Тоа што се брои вистински се моделите од престижните класи, со цени над 100.000 евра. Тука сепак влијае името и во тој случај европските купувачи се решаваат за марки и производители што опстанале барем по стотина години.
Audi e-tron постигнал 22.633 продажби, во сегментот што е две класи над Tesla Model Y и Model 3, чијшто квалитет на изработка отсекогаш е предмет на критика. Не заостанува многу ниту електричниот Porsche Taycan, модел што успева и на светскиот пазар. Дванаесетката на Волфсбург ја дополнуваат уште два скапи e-tron модели, како и Volkswagen e-up, модел што никогаш не се уморува на пазарот. Малечкиот градски автомобил со помалку од 200 километри досег се продаде во 17.900 примероци.
Продажба на луксузните електромобили на концернот Volkswagen во 2022 година во Европа
| Audi e-tron | 22633 |
| Porsche Taycan | 18565 |
| Audi e-tron Spotback | 11440 |
| Audi e-tron GT | 6517 |
Вкупно |
59155 |
Збирот на овие две групи модели, плус вечниот e-up, дава вкупно 342.961 продадени чисто електрични автомобили на концернот Volkswagen во Европа во 2022 година, наспроти 228.527 примероци од Tesla Model Y и Model 3. Разлика од 114.434 возила.
















