за

Тесла ја одбрани титулата, но беше тесно

Лидерот меѓу електричните возила Тесла ја објави продажбата за 2023 година. Со испорачани 1,808 милион возила, производителот од САД го задржа водството.

Tesla Model Y
Баран е и носи голема заработка: Тесла Модел Ипсилон се произведува и во Германија, во близина на Берлин.

Извршниот директор на Тесла, Илон Маск, ја задржа круната на најголем продавач на електрични автомобили во светот и во 2023 година. Конкуентот БИД никогаш не бил поблизу зад петиците.

Тесла објави дека продале вкупно 1,808 милион возила, од кои 1,739 милион се од Модел 3 и од неговата СУВ-изведба Модел Ипсилон. Само 68.874 примероци се од старите Модел С и од Модел Икс.

БИД исто така ги објавија бројките за 2023 година. Кинезите испорачале вкупно 1,574 чисто електрични автомобили ширум светот, што е за 72,8 проценти повеќе од преклани.

Со тоа се потврди дека Тесла и натаму е најголемиот производител на електрични автомобили во светот. Доколку БИД продолжи со растот како во изминативе години, тогаш титулата уште пред завршетокот на 2024 година ќе се пресели од Остин/Тексас во кинескиот Шензен.

Со испорачани 484.507 возила само во последниот квартал, Тесла ја исполни целта за 1,8 милион возила што беше поставена за минатата година, иако малку недостигаше. Во 2022 година, Тесла испорача 1,3 милион возила. Според тоа, продажбата лани пораснала за 38 проценти.

Отсуствуваат бројките за Сајбертрак

Тесла не ги објави продажните бројки за камионот Семи и за пикапот Сајбертрак во годишниот биланс за 2023. Како и досега, нема податоци ниту за продажбата одделно на четирите автомобили Модел С, Модел 3, Модел Ипсилон и Модел Икс.

Финансиските резултати од работата во минатата година ќе бидат објавени на инвеститорски видео-состанок на 24-ти јануари.

Најдостапниот електричен автомобил на нашиот пазар · Дачиа Спринг во нашиот онлајн каталог со сите нови модели на македонскиот пазар АВТОСАЛОН.МК

Dacia Spring Essential

Интересен е соодносот со продажбата на Ауди. Прашање е дали Тесла со 1,808 милион испорачани возила во 2023 година ќе биде пред Ауди, коишто во 2022 година, под влијание на чип-кризата, испорачаа 1,638 милион возила, заедно со Бентли, Ламборгини и Дукати, како марки што се дел од групацијата на Ауди. За 2023 година беа предвидени 1,8 до 1,9 милион возила.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Знаеме дека воздухот е загаден, но што да се стори против тоа?

Новиот Порше Тајкан вози побрзо