за

Пикапот на Илон Маск од благороден челик ‘рѓосува неблагородно

Времето ќе покаже дали каросеријата од благороден челик на Тесла Сајбертрак е трајна. Постојат знаци дека тоа нема да биде случај.

Тесла Сајбертрак поседува каросерија од нелакиран благороден челик. Според производителот, тој е посебно траен и се одржува едноставно. Во меѓувреме, сопственици почнаа да пријавуваат проблеми со смртниот непријател на секој автомобил: Корозија.

Клубот на сопственици на Сајбертрак е како јавна лабораторија за тестирање. Во клубот членуваат дел од првите купувачи на Тесла Сајбертрак во САД и тие говорат за своите искуства, радости и проблеми со необичниот модел на производителот на електрични автомобили.

Еден корисник под име „Раксар“, неодамна го сподели неговото големо разочарување. Неговиот проблем е во тоа што по два дена на дожд, открил дамки на благородниот челик на пикапот. Очигледно е дека станува збор за корозија.

На сликите се забележуваат многубројни дамки врз каросеријата, што Тесла ја рекламира дека „нема лак, нема траги од удари од камчиња“. Производителот цени и дека „ултра цврстиот надворешен скелет од благороден челик ја смалува опасноста од влдлабнувања, штети и долготрајна корозија. Поправните се едноставни и брзи.“

Се бараат причините за корозијата на Сајбетракот

Членовите во „Сајбертрак Оунерс Клаб“ веднаш се впуштија во потрага по причините: Дали можеби станува збор за таканаречна „железничка прашина“? Тоа се мали честички железо, што при транспортот на возилата со воз се исфрлуваат од тркалата на железничките вагони и се лепат врз каросеријата на автомобилот. Тие кородираат за мошне кусо време, доколку автомобилот не се исчисти темелно по симнувањето од воз.

Можеби е проблем самиот благороден челик? Еден корисник се сомнева дека Тесла користи легура што е чувствителна на корозија, затоа што постои разлика меѓу еден и друг вид благороден челик. Нејасно е каква точно легура користи Тесла, меѓутоа е очигледно дека станува збор за челик што е изработен според спецификација по посебна нарачка.

По кусо време, слики од својот Сајбертрак објави друг корисник на пикапот на Илон Маск. Таму исто така се забележуваат дамки од корозија. Тој тврди дека успешно ги отстранил дамките со средство за чистење и досега нема откриено нови дамки.

Сега треба да се почека, како со текот на времето ќе се однесува каросеријата од благороден челик на Тесла Сајбертрак. Иако прикажаните дамки се отстранливи, не постои гаранција дека времето нема да остави траги врз челикот. Дури и благородниот, односно нерѓосувачки челик, може да кородира, доколку подолго време е изложен на влијанија. Во контакт со сол, хемикалии, жештина или премногу влага, нема да изненади ако се појави корозија.

Тесла советува какви било нечистотии да се отстранат веднаш

Доколку пикапот од благороден челик се купува под претпоставка дека човек воопшто не ќе мора да се грижи околу возилото, може порано или подоцна да доживее разочарување. Тесла досега не реагира на обвинувањата дека каросеријата кородирала. Во прирачникот за Сајбертрак, сепак стои: „Веднаш отстанете ги кородирачките нечистотии (вклучувајќи маст, масло, птичји измет, смола, мртви инсекти, траги од катран, сол, индустриска прашина итн.). Не чекајте до следното миење на возилото.“

Потоа следи и совет, како да се чисти пикапот: „Користете денатуриран алкохол, за да остраните дамки од катран и тврдокорни дамки од маст. Потоа веднаш измијте го местото со вода и со благ сапун, за да го отстраните алкохолот.“

Постои причина, зошто Тесла во сопствената онлајн-продавница продава заштитни фолии за Сајбетрак – една бела, една црна и една проѕирна. Тоа не е посебно евтино: За безбојната варијанта, фирмата на Илон Маск бара 5.000 долари, за бела или црна треба да се плати 6.000 долари.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Поранешниот дизајнер на Јагуар Ланд Ровер ќе црта за Ауди

Овој Голф е од специјалната серија за 50-годишнината