Индискиот производител Tata Motors, познат и како сопственик на Jaguar Land Rover, разви компактен СУВ со електричен погон, со современа технологија и цена од околу 19.000 евра.
Tata Motors уште пред две години се откажа од идејата да го снабдува светот со најевтиниот автомобил Tata Nano, но се чини дека новиот правец е погоден и повеќе од добро. Компанијата со гордост го претставува најновиот модел како „Сопствениот СУВ на Индија – Nexon EV“. Тенолошкото ниво на електричниот погон е сосем пристојно, се овозможува и користење брзи полначи со еднонасочна струја, нема пропусти ниту од гледиште на безбеднооста.
Продажбата на Tata Nexon EV во Индија ќе стартува веќе во јануари 2020, со цени што ќе се движат меѓу 1,5 и 1,7 милион рупии, односно од околу 19.000 до 21.500 евра, зависно од опремата. Гаранцијата за моторот и за батеријата изнесува 8 години или 160.000 километри. Единствено основната изведба има каросерија лакирана во една боја, сите останати имаат двобојни комбинации.
Индискиот СУВ на струја изгледа сосем „неутрално“, но се издвојува и со техниката и со цената
Од дизајнерско гледиште, на Nexon EV не може да му се припише посебна оригиналност, но барем автомобилот изгледа сосем в ред. Кабината исто така се одликува со современ изглед, примерна просторност, а во поопремените изведби се вградува и инфо-забавен систем од Harman со дисплеј на допир од 7 инчи. Секако дека има и поддршка за Android Auto и Apple CarPlay.
https://photos.app.goo.gl/miRu5aNHkuEA8qyX8
Најинтересното во верзијата на Tata Nexon со погон на струја секако дека е самиот погон. Електромоторот со моќност од 129 КС и вртежен момент од 245 њутнметри се снабдува со енергија од литиум-јон батерија со капацитет од 30,2 kWh. Спринтот од место до темпо сто трае 9,9 секунди. Батеријата во подот е посебно заштитена и поседува систем за водено ладење, согласно специфичните климатски и патни услови во земјата.
https://photos.app.goo.gl/S7s2r1WkSuHLuD519
Досегот со полна батерија изнесува најмногу 300 километри. При користење брз полнач со еднонасочна струја, батеријата се полни до 80% за околу еден час. Индиските вешти програмери изработија мобилна апликација што подржува 35 најразлични функции поврзани со возилото. Тука спаѓаат далечински команди, поврзување со преносни уреди, следење на возилото и анализа на стилот на возење, навигација и далечинска дијагностика.
https://photos.app.goo.gl/wJp3FcPGoNcFg9ek8
Во поглед на безбедноста, за електричната изведба на моделот важат истите резултати што беа постигнати со верзијата на Tata Nexen со обичен погон. Компактниот СУВ на тестовите на Global NCAP беше оценет како најбезбеден индиски автомобил и воопшто прв модел од Индија што освоил пет ѕвезди на краш-тестот.
https://photos.app.goo.gl/oj7EoAVYLQSmTMjY9
Автомобилите на индискиот производител не се нудат на европскиот пазар, за разлика од пикапите кои се мошне ценети во таа категорија и особено се успешни на пазарите во Јужна Америка или Африка. Честото присуство на Tata Motors со штанд на големите европски салони на автомобили сепак навестува дека Индијците само го чекаат вистинскиот момент.
https://photos.app.goo.gl/gxs8V1wMvHjSHcFn6
https://photos.app.goo.gl/5PUvpYcoeFy4NroF8
https://photos.app.goo.gl/pzVXL3dF12zCfr5u5
Tata го полира имиџот на Land Rover со индиски модели во Женева
















