McLaren Speedtail триесетпати постигна 403 km/h, производството може да почне

mclaren speedtail brzinski test
mclaren speedtail brzinski test

McLaren симболично го комплетираше тестирањето на својот хипер-грантуризмо Speedtail на патеката на којашто слетуваат вселенските летала, во центарот Кенеди на Флорида. Најбрзиот и најнапреден модел на марката ќе се изработи во 106 примероци, првите ќе бидат готови во февруари 2020.

Фабричкиот возач Кени Брак го комплетираше тестирањето на најбрзиот и најнапреден модел на McLaren, откако со Speedtail постигна крајна брзина од 403 km/h, односно 250 милји на час, повеќе од 30-пати едно по друго. Тестирањето под услови на крајно оптоварување се одвиваше во прочуениот центар за вселенски истражувања Кенеди, на Флорида, САД. Овие брзински тестови се еден вид „куќен стандард“, со коишто се потврдува крајот на развојот на секој нов автомобил од Вокинг.

Инженерите на McLaren претходно ги тестираа перформансите на Speedtail на најразлични високобрзински патеки ширум светот, од Идиада во Шпанија, до Папенбург во Германија. Оваа фаза заврши, следната е почеток на изработката на 106 примероци од моделот, којашто ќе се одвива исклучиво во рачна работа. Испораките ќе стартуваат во февруари.

https://www.instagram.com/p/B5k2sNlgdJ_/

Speedatail е врвен модел во врвната серија на марката, чиешто име асоцира на многубројни успеси во кралицата на мотоспортот, во Ф1. Овој таканаречен хипер-грантуризмо е долг 5,2 метри и поседува карбонска каросерија, чијашто форма постигнува најнизок отпор на воздух, од кој било автомобил што досега го носел знакот на McLaren. Автомобилот е воедно и исклучително лесен.

Хибридната погонска спрега располага со 1.070 КС и 1.150 њутнметри. Забрзувањето од место до темпо 300 трае помалку од 13 секунди, што е рекорд на марката. Крајната брзина, знаеме, изнесува 403 km/h.

Батеријата во McLaren Speedtail се одликува со енергетска густина од 5,2 kW/kg, што е најдобар сооднос меѓу моќноста и тежината од кој било постоечки батериски систем под висок напон.

Повеќе за McLaren Speedtail.

https://www.instagram.com/p/B6auJXpgqbc/

Претходна објаваVolkswagen в година со 34 нови модели, осум се на струја или хибриди
Следна објаваИндиската Tata Nexon EV вози 300 km на струја

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here