за

Швајцарија го префрлува транспортот на стока под земја

Швајцарија го префрлува транспортот на стока под земја
Швајцарија го префрлува транспортот на стока под земја

Алпската држава предвидува дека обемот на доставата на стока ќе се зголеми за 35 проценти до крајот на деценијава. Тоа ќе доведе до нови застои и до големи економски загуби. Околу 60 компании работат на систем од тунели, што превозот на стока ќе го пресели под земја.

Швајцарскиот конзорциум CST (Cargo Sous Terrain, карго под земја) работи на систем од тунели, чијашто цел е да ги растовари улиците од превозот на стока. Во меѓувреме и властите дадоа согласност, со што е обезбедена и законска основа за изградбата на системот од тунели да започне. Во конзорциумот учествуваат повеќе од 60 компании, главно од секторот логистика, како и Швајцарската Пошта, Swisscom, SBB Cargo и трговските концерни Migros и Coop.

CST направи студија за изводливоста уште пред шест години. Таа покажа дека амбициозните планови може да се финансираат и да донесат профит. Конзорциумот моментно планира да го поврзе централниот економски регион, од Сент Гален до Женева и од Базел до Луцерн, заедно со огранок од Берн до Тун.

Првата делница во должина од 70 километри ќе ги спојува Харкинген/Нидербип – тоа е озлогласено тесно грло по автопатот – со Цирих и истата се очекува да биде готова до 2031 година. Целата мрежа треба да достигне должина од 500 километри, вклучувајќи ги сите ограноци. Трошоците за транспортниот систем се проценуваат на околу 33 милијарди швајцарски франци, односно 30,86 милијарди евра.

Тунелите имаат пречник од шест метри, со по три ленти долу и три жичници горе
New photo by Automedia MK / Google Photos

Тунелите ќе имаат по три ленти, со средишна лента за престројување. Пречникот изнесува шест метри, а длабочината на којашто ќе се наоѓа системот е меѓу 20 и 30 метри. Контејнерите ќе се движат самостојно и ќе постигнуваат брзина до 30 km/h. Над нив ќе се наоѓа жичница, по којашто други, помали контејнери ќе вршат брза достава, со брзина до 60 km/h. За напојување ќе се користи строго енергија од обновливи извори.

Откако стоката ќе се достави до предвидените центри за крајна испорака, таа понатаму ќе се префрлува во помали возила со електричен погон. Според CST, системот може да се користи и за комунална дејност, односно за отстранување отпад.

Систем од лифтови ќе ги движи контејнерите до станиците за крајна испорака, каде што стоката ќе се префрлува во помали возила што не ја загадуваат животната средина
New photo by Automedia MK / Google Photos

Швајцарските статистичари предвидуваат дека дистрибуцијата на стока само во густо населените региони ќе се зголеми за 35 проценти до 2030 година. CST е шанса, за предвидливиот сообраќаен колапс да се спречи и стоката во иднина да се превезува под земја. На тој начин ќе се ослободат улиците за сообраќај.

Со префрлувањето на превозот на стока под земја, камионскиот транспорт би се намалил до 40 проценти. Само со првата планирана делница ќе се постигне намалување на камионскиот транспорт за 20 проценти. Со тоа ќе се намалат и застоите, што станаа секојдневие во голем број тесни грла во сообраќајната мрежа во алпската држава. Во подрачјето на градовите исто така се очекува намалување на доставата на стока за околу 30 проценти.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

австрија автопат брзина

Австрија враќа нормално темпо на автопат, 140 било штетно за животната средина

Automobili Pininfarina Battista Anniversario

Pininfarina го има најбрзиот италијански автомобил во историјата