за

Pininfarina го има најбрзиот италијански автомобил во историјата

Automobili Pininfarina Battista Anniversario
Automobili Pininfarina Battista Anniversario

Најстартниот и најмоќен автомобил што досега го дала Италија, пристига за 90-годишнината од основањето на дизајнерското студио Pininfarina. Само пет примероци ќе се изработат од славеничката изведба, секоја со цена од по 2,6 милиони евра.

Pininfarina е едно од најголемите имиња на сцената на автомобилскиот дизајн, но откако стана и автомобилска марка, пак цели кон врвот. Италијанците ја претставија Battista Anniversario, како специјална изведба на првиот суперспортски автомобил со електричен погон во светот. Поводот за „јубилејот“ во името се однесува на 90-годишнината од основањето на дизајнерското студио од страна на Батиста Пинин Фарина. Тоа е воедно и најстартниот и најсилен автомобил што е произведен во Италија досега.

Battista Anniversario ќе се изработува рачно во Камбиано, во близина на Торино. Таму е седиштето на Pininfarina. Предвидени се само пет примероци од специјалниот модел, со цена од по 2,6 милиони евра.

Паоло Пининфарина, внукот на Батиста, открива дека неговиот дедо „отсекогаш имал визија за самостојна серија автомобили под марката Pininfarina

Петте славенички автомобили Battista Anniversario ќе бидат лакирани во комбинација од трите бои што се заштитен знак на марката: Bianco Sestriere, новата Grigio Antonelliano и Iconica Blu, типичната боја на Pininfarina. Само лакирањето ќе трае неколку недели, строго рачно. Каросеријата ќе се расклопи и склопи трипати, за специјалистите да можат рачно да ги повлечат линиите во трите различни бои.

New item by Automedia MK / Google Photos

Примероците од специјалната серија стандардно поседуваат пакет „Furiosa“. Тој се состои од модифициран преден сплитер, странични прагови и заден дифузор, со коишто се постигнуваат уште поголем потисок и подобра возна динамика. Овие делови се изработени од специјално изработен карбон со сина заднина.

Тежината на Anniversario е смалена за близу 10 килограми, благодарение на новите ковани бандажи со централна завртка. Задните тркала имаат пречник од 21 место 20 инчи. Крајната брзина порасна на 350 километри на час.

New item by Automedia MK / Google Photos

Школката и каросеријата се изработени од карбон. Четирите електромотори заедно постигнуваат моќност од 1.900 КС и вртежен момент од 2.300 њутнметри. Со посебна контрола на секој електромотор се постигнува врвен Torque Vectoring, каков што е недостижен за автомобил со конвенционален погон. Со спринт за помалку од две секунди до темпо 100, Battista е побрз од болид во Формула 1. Забрзувањето до 300 km/h е покусо од 12 секунди.

Со батерија од 120 kWh во форма на Т, италијанскиот супер-електромобил постигнува досег од 500 километри.

Ник Хајдфелд е тест возач за Automobili Pininfarina: „Ги возев најбрзите улични и тркачки возила во светот. Но, досега немам доживеано толку моќен автомобил, како Battista. Тој е побрз од повеќето тркачки возила, но не е чистокрвна тркачка машина.“

Во лето, круг од избрани потенцијални купувачи ќе добијат можност да се уверат во способностите и уникатноста на Automobili Pininfarina Battista. Предвидени се 150 примероци од Battista, вклучувајќи ги и петте славенички примероци. Првите примероци ќе стартуваат со испорака кон крајот на 2020 година.

New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Швајцарија го префрлува транспортот на стока под земја

Швајцарија го префрлува транспортот на стока под земја

Peugeot 208 автомобил на 2020 година во Европа

Вистинските автомобили на годината се Porsche Taycan и Tesla Model 3