Британските возачи кажуваат дека се најзадоволни од Suzuki

Suzuki задоволни клиенти Британија

Во истражувањето што го спроведува британскиот институт за заштита на правата на потрошувачите, Suzuki повторно се најде на врвот, како автомобилска марка чијшто клиенти се најзадоволни. Марката напредуваше и во рангирањето во општа конкуренција.

Во извештајот на британскиот институт за заштита на правата на потрошувачите за јануари, Suzuki повторно е на врвот, со најзадоволни клиенти во споредба со останатите автомобилски марки. Suzuki се најде на петтото место и во генералниот пласман, во конкуренција од 259 компании од сите сектори, што е за десет места повисоко во споредба со истиот месец лани.

Во истражувањето влегуваат оцените од 45.000 корисници, кои ги споделуваат своите искуства од 259 компании во 13 сектори, вклучувајќи ја и автомобилската индустрија. Suzuki го подобри индексот од 83 бодови лани, на 84,1 бодови во јануари 2020, што овозможи марката да напредува за 10 позиции во конкуренција на сите компании во истражувањето. Просечниот индекс во автомобилскиот сектор изнесува 78,9 бодови.

Suzuki е најдобро пласирана меѓу 24 автомобилски марки и во генералниот пласман е за 11 места пред второпласираната автомобилска марка

Јапонската марка се покажала во големо предимство и во делот од истражувањето, во којшто корисниците го оценувале пристапот и однесувањето на персоналот. Во споредба со компаниите од останатите 13 сектори, Suzuki е рангиран блиску до John Lewis и Next, односно има ист пласман со Amazon.

Топ 5 Автомобилски марки според задоволството на клиентите во В. Британија

(пласман во општа конкуренција)

# Поз.
Марка
Индекс

5

Suzuki

84,1

16

Hyundai

82,6

20

Toyota

82,2

26

Kia

81,8

34

Honda

81,0

Начин на одредување на индексот на задоволство на клиентите

Индексот се пресметува според 25 критериуми, вклучувајќи професионалност на персоналот, квалитет на производ и на услуга, едноставна комуникација со организацијата, временски фактор, однесување при рекламации и слично. Релевантноста на истражувањето се заокружува и со прашања на кои одговараат клиентите, од видот на „колкава е веројатноста дека би им ја препорачале марката на своите пријатели и роднини, со оцена од 1 до 10“.

Тест: Suzuki Jimny 1.5 GL

Претходна објаваUnimog се искачи на 6.694 метри, на највисокиот вулкан во светот
Следна објаваMitsubishi има нов европски шеф, Ерик Вепиер доаѓа од Opel

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here