Mitsubishi има нов европски шеф, Ерик Вепиер доаѓа од Opel

Ерик Вапиер Mitsubishi
Ерик Вапиер Mitsubishi

Ерик Вепиер од 1-ви февруари е нов шеф на Mitsubishi во Европа. Французинот има тридецениско искуство во браншата и доаѓа од директорското место на Opel во Франција, откако успеа да постигне комплетна пресвртница и рекордна продажба од 80.000 возила.

Французинот Ерик Вепиер (51) е новиот шеф на Mitsubishi Motors Europe (MME). Тој има тридецениско искуство во автомобилската бранша и досега извршувал раководни фукции на локално и регионално ниво.

Вепиер пристига од местото на претсдател и директор на Opel во Франција, кадешто успеа да постигне пресвртница со 80.000 продадени возила лани и воедно раководеше со интеграцијата на германската марка во групацијата PSA. Претходно, францускиот менаџер бил одговорен за развојот на марката Chevrolet во Европа, како главен стратег во подрачјата на маркетингот, имиџот на марката и дигитализацијата.

Пристигањето на Вепиер на шефовското место во MME се случува во период кога јапонската марка се потврдува како една од водечките марки во електромобилноста во Европа. Outlander во плагин-хибридната изведба уште од 2015 година е најпродаван модел со ваков вид на погон во Европа, во конкуренција на сите класи и сегменти.

Европскиот огранок на Mitsubishi Motors лани постигнал продажба од 171.906 возила или за 4 проценти повеќе отколку преклани.

Гијом Картие, постар потпретседател на глобалната корпорација Mitsubishi Motors во подрачјето на маркетингот и продажбата го искористи именувањето на новиот шеф на MME да најави нови модели што ќе пристигнат на пазарот годинава, иако тој само начелно најави дека ќе станува збор за СУВ со електричен погон.

Врска до студијата со којашто Mitsubishi ја најави следната верзија на својот плагин хибриден погон, може да се очекува изненадување со модел блиску до сериско производство веќе на салонот во Женева во март:

Mitsubishi го дооткрива новитетот за Токио: Нема покрив

https://photos.app.goo.gl/GziXtoSuHyEku19H6

https://photos.app.goo.gl/NkSxgoamS9MFaMcZA

 

Претходна објаваБританските возачи кажуваат дека се најзадоволни од Suzuki
Следна објаваKia во јануари продала 215.000 возила глобално, Sportage бестселер

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here