Suzuki најавува Vitara и S-Cross со благ хибриден погон

Suzuki најавува Vitara и S-Cross со благ хибриден погон
Suzuki најавува Vitara и S-Cross со благ хибриден погон

Следната пролет во понудата од модели на Suzuki ќе се појават три нови изведби со 48-волтен хибриден систем со стартер-генератор, во комбинација со новиот мотор K14D.

Новата изведба на хибридната погонска спрега на Suzuki ќе се вградува во Swift Sport, Vitara и во S-Cross. Производителот ветува за 20 проценти пониска емисија на СО2, зголемен вртежен момент во широк дел од работното подрачје, како и смалена просечна потрошувачка на гориво за 15 проценти, според реалната норма WLTP. Моделите со овој мотор доаѓаат на местото на актуелните верзии со 1,4-литарски турбо-бензинец Boosterjet и со мануелен менувач.

Начинот на работа во основа е ист со 12-волтниот SHVS (Smart Hybrid Vehicle by Suzuki), когошто јапонската марка го претстави уште во 2016 година и во меѓувреме постигна солиден интерес и на нашиот пазар. Swift со овој погон тогаш се појави и на тест во нашата редакција. Благиот хибриден погон оттогаш се нуди во моделските верзии со мануелен менувач во гамата на Ignis и Swift SZ5.

Новиот хибриден погон со работен напон од 48 волти ја задржува лесната и компактна конструкција, што воедно се потврдува со фактот дека системот со сите свои компоненти додава само 15 килограми во вкупната тежина на возилото

Новиот SHVS-систем се состои од 48-волтна литиум-јон батерија, интегриран стартер-генератор (ISG) и претворач од 48 во 12 волти (DC/DC), за напојување на системите што работат со понизок напон, како светла, радио или клима. Стартер-генераторот, како што кажува името, работи и како стартер и како генератор. Тој има задача да го стартува моторот, со помош на ремен, што се случува брзо и неосетно, и претставува уште една придобивка за комфорот во возењето.

https://photos.app.goo.gl/4jxjpxXwhZQRXzqi6

Кинетичката енергија при забавуањето и пуштањето под инерција се претвора во електрична енергија – кога ISG функционира како генератор – којашто се акумилира во малечката батерија. Оваа енергија, ISG потоа ја користи при поаѓање или при забрзување (значи му асистира на моторот како погонски електромотор), а во одредени случаи ја корсити и за одржување на брзината на постојано ниво. На тој начин се постигнува заштеда во горивото, а воедно и повисок возен комфор. Вртежниот момент што стои на располагање уште од 2.000 вртежи изнесува 235 њутнметри.

https://photos.app.goo.gl/oSetN5e6tmV3cXi37

Батеријата, заедно со конверторот, поставена е под возачкото седиште. Уште една предност на 48-волтниот систем е таканаречената функција на „електричен лер“, кога бројот на вртежи на моторот ќе падне под 1.000/min и брзината под 15 km/h, а стартер-генераторот ја одржува работата на моторот при прекинат доток на гас, со цел моторот да реагира побрзо, кога ќе треба да се забрза повторно или да се појде од место. Тоа е уште една функција на штедење.

Останатите детали, Suzuki ќе ги објави пред пазарниот старт на новите модели, во март следната година.

До нашиот тест на Suzuki Swift SHVS

suzuki swift test hybrid shvs dualjet

Претходна објаваJaguar Land Rover стравува од последиците од Брегзит
Следна објаваЗа едни е комбе, за други Ford Transit со гени од рели

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here