Сузуки Свифт со 140 бодови ги победи Хонда Акорд (83), Хонда ВР-В (76) и Хонда Фрид (59) во изборот на најдобар новитет за 2025 година од страна на жирито составено од влијателни критичари и новинари во Јапонија, во категоријата на домашни модели.
Јапонските колеги го образожуваат изборот на Сузуки Свифт за Автомобил на 2025 година во Јапонија: „Стилскиот дизајн и спортските возни својства што се наследени од претходните Свифтови се унапредени. Автомобилот се издвојува со новиот развиен мотор, врвната аеродинамичност во класата, ниската тежина, високата крутост на каросеријата и други својства што ги унапредуваат клучните вредности на возилото, исто како и вградувањето најнови системи за асистенција“.
Станува збор за еден од најважните избори на автомобил на годината во Јапонија, што се води под името РЈЦ Автомобил на годината (кусо од Аутомотив Рисерчерс енд Џурналистс оф Јапан). Решавачкиот круг за носителот на титулата за 2025 година се одржа на 12-ти ноември на патеката Мотеги во префектурата Точиги.
Покрај главната категорија во изборот, насловот на 2025 РЈЦ Автомобил на годината во конкуренција на модели од јапонските марки, награди беа доделени и за најдобар увозен модел (Мини Купер), за најдобра технологија (ЛФП блејд-батерија на БИД), а специјална награда освои пикапот Тритон на Мицубиши.
Свифт во сите четири генерации од 2004 година наваму, откако Јапонците го лансираа автомобилот како модел за светскиот пазар, редовно ја освојува наградата за Автомобил на годината од жирито на РЈЦ.
Јапонскиот производител – Свифт е 100% јапонски автомобил, доаѓа од фабриката во Сагара – објаснува за својот трофеен модел, дека во новата генерација тој е развиван врз начелото „Енегично и лесно“. Тоа значи дека Свифт е „префинет и паметно осмислен компакт што секојдневното возење го претвора во игра“.
Необично богатото опремување со системи за асистенција за комфор и безбедност одат во насока на намерата на Сузуки за „уживање во секојдневието со автомобили.“
Повеќе од 9,5 милиони примероци се продадени досега ширум светот. Во 2004 година, Сузуки го претвори својот некогаш едноставен, но крајно издржлив и ценет модел, во трендовски модел, што секогаш се издвојуваше над просекот во класата.
Други модели на Сузуки што досега ја имаат освоено титулата од РЈЦ:
- 1993: Вагон Р (1993)
- 2008: Вагон Р / Вагон Р Сингреј
- 2014: Хастлер
- 2015: Алто / Алто Лапин
- 2005, 2010, 2017, 2025: Свифт
Претседателот Тошихиро Сузуки е горд на осмата титула што Свифт ѝ ја донесува на јапонската марка: „Чест ни е тоа што Свифт е избран за РЈЦ Автомобил на 2025 Година. Од лансирањето на првата генерација, Свифт е знаменосец на Сузуки и продолжи да се развива, охрабрен од наградата РЈЦ Автомобил на Годината за секоја генерација, и беше омилен од голем број клиенти во Јапонија и други земји ширум светот. Со оваа награда, се движиме кон тоа Свифт да стане уште повеќе сакан од клиентите по цел свет.“
















