Кинески Скајворт ќе продава достапни електрични автомобили во Европа

Компактниот електричен автомобил Скајворт Ку имаше премиера на салонот во Париз. Цените се очекува да почнуваат од 22.500 евра.

Скајворт Ку ја имаше својата европска премиера во октомври, на салонот во Париз. Возилото располага со електромотор со 204 КС што е вграден напред и може да се избере со батерија со досег од 400 или 490 километри.

Продажбата почнува во последното тромесечје во 2025 година, најави Матје Гијотан, директор на Скајфорт Франција, при претставувањето на моделот на салонот.

Скајвел е дел од кинескиот гигант во потрошувачка електроника Скајворт Група

Скајвел е со седиште во Најџинг и се вбројува меѓу најголемите производители на електрични автобуси во Кина. Тој е дел од групацијата Скајворт, една од најголемите компании за потрошувачка електроника во Кина.

Понудата на Скајвел за Европа вклучува голема разновидност, почнувајќи од комбилимузини и СУЦ, до ванови, коишто ќе се продаваат под марката Скајворт.

Скајвел К

Првиот модел што доспеа во Европа е Скајворт К, СУВ-модел од средна класа. Моделот веќе се продава во неколку земји, како Скајворт ЕВ6, Еларис Бео (во Германија) и Скајвел ВЕ11.

Според Датафорс, во Европа до октомври биле продадени 72 примероци од ЕВ6, помалку во споредба со 176 возила што во истиот период биле испорачани лани.

Скајворт К е долг 4,72 метри и го користи истиот електромотор како Скајворт Ку. Батеријата од 86 кВч овозможува досег до 489 километри. На некои пазари се нуди изведба со батерија од 72 кВч и досег до 400 километри.

Третиот модел е голема лимузина Скајворт Вај и планирана е за старт на продажбата кон завршетокот на 2025 или рано во 2026 година. На салонот во Париз беше прикажан концептот на Скајворт Вај, откако истиот ја имаше премиерата во Кина, кон завршетокот на 2023 година, под името Скајхоум. Задните врати се отвораат наназад и на патниците на задната клупа им стои на располагање огромен екран што се преклопува. Гијотан најави дека серискиот модел би можело да пристигне во Европа кон завршетокот на 2025 година.

Понудата ќе ја заокружи големиот ван Скајворт Хонту.

Продажбата на Скајвел ќе се одвива на два начини, преку компанија за директна продажба и преку независни увозници.

Повеќе имиња за истиот модел во Европа

Скајворт К во моментов се продава преку Скајворт Франција во шест европски држави: Белгија, Франција, Луксембург, Португалија, Шпанија и Швајцарија. Ценовникот во Франција почнува од 39.900 евра.

Во Германија, моделот се увезува од независен увозник, Еларис, и таму се продава како Еларис Бео, по цена од 47.290 евра. Еларис има огранок во Италија, меѓутоа уште нема почнато со работа, а во план е мрежата да се прошири и во Турција.

Истиот СУВ се продава и во ОК, како Скајвел ВЕ11, од страна на незавизен увозник, Иновејшн Аутомотив. Продажбата почна во ноември.

Од кинеските производители, соперници на Скајворт К се Липмотор В10, којшто во Германија почнува од 36.400 евра и БИД Сил Ју, со цена од 41.990 евра.

Пазарната вредност на Скајворт Група е близу 1 милијарда евра

Скајворт Група е кинески конгломерат за потрошувачка електроника, што котира на берзата во Хонг Конг, со пазарна капитализација од 900 милиони евра.

Компанијата е основана кон завршетокот на 1980-те од Хуанг Хонгшенг, познат и како Стивен Вонг. Во почетокот се продаваа телевизори и далечински управувачи, за во 2010 година да следи влез во производството на возила, со Каиво Њу Енерџи Аутомобил, познат како Скајвел.

Скајворт К е првиот патнички автомобил на Скајвел, досега се произведуваа автобуси и камиони.

Претходна објаваШефот на Стелантис поднесе оставка по спорот околу стратегијата
Следна објаваЏагјуар преку концептот Тајп 00 го покажа правецот во којшто го движи дизајнот

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here