Во 111-издание, што почна на 29-ти јуни во Фиренца, Италија, велосипедската трка Тур де Франс првпат нема да заврши во Париз. По 21 етапа и 3.492 извозени километри, Тур годинава ќе ја има својата завршница во Ница, на 21-ви јули. Париз ѝ е посветен на Олимпијадата.
Уште една голема промена е директорскиот Суперб со приклучен хибриден погон. На одредени етапи, тој ќе го замени целосно електричниот Ениак. Во лимузината, сега во својата 4-та генерација, што е резервирана за директорот на трката, вградени се ладилник за шампањ, замрзнувач, систем за радио врска, црвено ротациско светло и антени.
Клучната промена е во панорамскиот покрив. За разлика од обичните покриви, овој се отвора од назад кон напред, за директорот на трката, Кристијан Прудом, да може по потреба да интервенира и да стане во возилото, за да ја контролира трката и да го следи нејзиниот тек. Тоа услови уште бројни промени, почнувајќи од преработка на самото обложување на таванот, до преправки на каналите за одведување вода.
Како нераздвоен автомобилски партнер од Тур, Шкода годинава испорача 205 возила со целосно електричен или приклучен хибриден погон.
Директорот Прудом се вози во службен Суперб за време на трката уште од 2004 година, од првата генерација на моделот. Тој во 2008 година беше заменет со Суперб од 2-та генерација, повторна смена следеше во 2016 година, три години подоцна беше испорачан модел со приклучен хибриден погон, за во 2020 година, улогата да ја преземе електричниот Ениак

Соработката досега уште подалеку. Шкода е спонзор на зелената маица за бодовниот лидер, а Шкода Дизајн традиционално се грижи и за кристапните трофеи за победниците. Тоа трае уште од 2011 година.
Според постоечкиот договор, Шкода ќе биде дел од Тур де Франс најмалку до 2028 година.
















