Skoda подолго време има модели со погон на метан во својата понуда. По генерациската смена на неколку модели и воведувањето нови модели, метанот повторно зема замав во понудата на чешката марка. Skoda Scala и Kamiq со 1,0 TGI со 90 КС минуваат до 410 километри со 13,8 килограми метан, потоа следат уште 220 километри со деветте литри бензин.
Skoda повторно има верзии со погон на метан во својата моделска понуда. Компактот Scala и кросоверот Kamiq моментно стартуваат со продажба на германскиот пазар, во моделска изведба со ознака G-Tec. Моторот е 1,0-литарски TGI, фабрички приспособена варијанта на 1.0 TSI за погон на метан. Моќноста изнесува 90 КС, со полн резевоар со метан се минуваат до 410 километри. По префрлувањето на погон на бензин, досегот се зголемува на 630 километри. Вредностите важат за двата модели, Scala и Kamiq.
Разликата во цената меѓу изведбата на Skoda Scala со мотор 1.0 TSI со 95 КС и „метанската“ 1.0 TGI со 90 КС на германскиот пазар изнесува 1.400 евра, меѓутоа TGI дополнително поседува шестстепен мануелен менувач, место петстепен менувач кај TSI со оваа моќност. Како ориентација, метанската верзија на Scala чини 200 евра повеќе од верзијата 1.0 TSI со 115 КС. Овие цени се однесуваат на германскиот пазар, за ниво на опрема Ambition.

На нашиот пазар, Scala 1.0 TSI со 95 КС и ниво Ambition чини 14.760 евра, изведбата 1.0 TGI не се нуди. Верзиите со погон на метан досега не се комуницирани официјално од увозниците на автомобили, имајќи ја предвид ограничената мрежа од станици за точење метан, меѓутоа се најавува проширување на истата.
Ефектот од новиот данок за возила: Бидејќи емисијата на СО2 на верзиите на Scala и Kamiq со погон на метан изнесува 95 g/km, еко-компонентата во данокот изнесува 46 евра, додека за верзиите на двата модели со бензински мотор 1.0 TSI со 95 КС, емисијата на CO2 изнесува 114 g/km, па соодветно и еко-данокот се зголемува на 93 евра
Вртежниот момент на еднолитарскиот мотор со три цилиндри изнесува 160 њутнметри. Моторот ја исполнува издувната норма Euro 6d-Temp. Во споредба со погон на бензин, емисијата на СО2 се смалува за околу 25 проценти, а воедно опаѓа и емисијата на азотни оксиди и честички гареж (PM; бензинските моторите со директно впрскување исто така имаат извесна емисија на овие честички и поради тоа мора да поседуваат филтер OPF).
https://photos.app.goo.gl/nUj6x3AjaDp4Yk3S9
Системот за напојување со гориво кај Scala и Kamiq 1.0 TGI го сочинуваат три меѓусебно поврзани резервоари за метан, со вкупен капацитет од 13,8 литри. Дополнително е вграден и резервоар за бензин со зафатнина од девет литри. Според фабрика, метанот е доволен за досег до 410 километри, по што моторот автоматски се префрлува на бензин. Со деветте литри, се минуваат уште 220 километри, според фабричките пресметки.
Со резервоарите за метан се одзема од просторот на багажникот, Scala G-Tec располага со 339 литри, наспроти 467 литри кај изведбите со бензински или дизел мотор
Резервоарите за метан зафаќаат помалку простор, така што зафатнината на багажникот на Skoda Scala изнесува 339 литри. Според Чесите, тоа е најдобра вредност од сите возила со погон на метан во сегментот. Со соборена клупа, просторот се зголемува на 1.282 литри. Истото важи и за Kamiq, со 278 литри, односно 1.273 литри багажник. Skoda Kamiq во стандардната изведба со погон на бензин и со мотор 1.0 TSI со 95 КС на нашиот пазар стартува од 15.180 евра, во нивото Ambition.
https://www.instagram.com/p/B55JOm2HMtK/
Skoda Scala во моделското годиште 2020, во нивото на опрема Ambition поседува систем за следење лента и самостојно запирање при опаснсот од судир, магленки, диодна техника за основните функции на предните и задните светла, сензор за дожд и автоматско соборување на долго светло, висинско и лумбално местење на предните седишта, радио, патен компјутер, мануелен клима уред, кожа на воланот и на рачката на менувачот, темпомат, хромирани детали во кабината, потпирач за рака напред и челични бандажи од 16 инчи. Следното ниво на опрема е Style.
Сто километри на метан со Skoda Scala G-Tec во градско возење би чинеле 189 денари
Потрошувачката на метан за Skoda Scala 1.0 TGI G-Tec изнесува 4,5 kg/100 km во град, 2,8 kg/100 km на пат и просечно 3,5 kg/100 km, додека емисијата на СО2 изнесува 95 g/km. Потрошувачката се мери во килограми и истата количински е неколкукратно пониска во споредба со погонот на автогас. Честопати се прави превид при споредбата на цената на метанот со цената на автогасот. Според актуелната цена на метанот (42 денари за килограм, на ден 1.2.2020), гориво за сто километри возење во град со Scala G-Tec би чинело 189 денари.
Видео од рекордерското возење на Платнер; Skoda Citigo 1.0 G-Tec сега е достапна само како користено возило
https://www.youtube.com/watch?v=yzanhyOSLFQ
















