за

Skoda сама ќе врши краш-тестови според Euro NCAP

Skoda сама ќе врши краш-тестови според Euro NCAP
Skoda сама ќе врши краш-тестови според Euro NCAP

Новата лабораторија дозволува Skoda да симулира најразлични сценарија на судири, вклучувајќи ги и тестовите на Euro NCAP. Тестовите на безбедноста се посебен предизвик и за камерите и за осветлувањето.

Skoda ја пушти во работа лабораторијата за краш-тестови во центарот во Ухелнице, во близина на Млада Болеслав. Тука ќе се проверува безбедноста на возилата според новите норми што конзорциумот Euro NCAP ги пропиша од почетокот на годинава. Предвидени се и тестови за електрични возила. Во центрите од овој вид се бара и особено моќна фотографска техника и осветлување, заради евиденција и увид во резултатите од тестовите.

Новата лабораторија за краш-тестови ќе овозможи поголем обем и поголема реалност во симулирањето најразлични ситуации на судир. Тоа секако ќе води кон натамошно подобрување на безбедноста на моделите на Skoda.

Халата е долга над 180 метри. Срцето на лабораторијата е електричниот погонски систем. Тој забрзува две возила со тежина до 3,5 тони, едно кон друго, до брзина од 65 km/h. Доколку се тестира со едно возило, тогаш може да се постигне брзина до 120 km/h.

Постои и тест-санка, позната како „Flying Floor“ (летечки под), со којашто се врши страничен удар во столб. Превртување на возилата исто така спаѓа во обемот на работа на инженерите во центарот.

Во посебна хала е изведен базен за потопување на возилата. Неговата функција е да се спречи избувнување пожар во случај кога при краш-тестот ќе се оштети заштитниот слој на батеријата на електричните автомобили.

Во „тимот“ за краш-тестови спаѓаат девет возрасни кукли и четири детски кукли, со различна конструкција. За документирање на резултатите се користат 20 статички високобрзински камери и 30 високобрзински камери во возилото. Диодното осветлување постигнува силина до 100.000 луксови, со цел да се добие најдобриот можен квалитет на фотографиите. Со диодната техника се намалува потрошувачката на струја за 40 проценти, а се постигнува и постабилна температура во лабораторијата.

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

goodyear re-charge

Goodyear разви гума што се обновува самостојно

луксембург бесплатен јавен превоз

Луксембург стартуваше со бесплатен јавен превоз