Барселона се подготвува за големата премиера на новата генерација на Seat Leon, шпанскиот брат на Golf 8. За време на подготовките, сепак се случи шпанскиот компакт да биде фатен во минување. На фотографиите со мобилен јасно се забележуваат главните белези на изгледот на новиот Leon.
Најголемото изненадување околу премиерата на новиот Seat Leon ќе беше автомобилот прво да не се појавеше непланирано на социјалните мрежи. Шпанските специјалисти од Cochespias споделија две фотографии на својот профил на инстаграм, од коишто се добива солидна претстава за изгледот на шпанскиот компакт.
Leon честопати беше цел на „карпараците“, кои често го ловеа со своите објективи додека со целосно маскирана каросерија ја минуваше фазата на тестирање во сите услови и сите средини. Ова е првпат популарниот модел да се појави во светло во коешто веќе јасно се гледа изгледот на автомобилот.
Во стилот се препознава сродството со Seat Tarraco, вклучувајќи ја светлечката лента по целата ширина на опашот. Со нов фонт е испишано и името на моделот. Спортската изведба што долго време ужива култен статус на сцената веќе припаѓа во подмаркатa Cupra.
Во споредба со Golf 8, кој е позициониран различно од вообичаено, поради тоа што паралелно покрај него постои електричниот ID.3 и става повеќе нагласок на иновативна технологија, од новиот Seat Leon се очекува да биде достапен и во поедноставни изведби, со основни мотори и пониски нивоа на опременост.
Повеќе детали секако ќе бидат познати на утрешната премиера во 19 часот, којашто ќе пренесува онлајн.
https://www.instagram.com/p/B700_rgqe_6/