за

Renault Zoe лани бил најпродаван електричен автомобил во Германија

Продажбата на електричниот Renault на важниот германски пазар лани пораснала трикратно. Вкупно биле продадени 30.381 примероци од Zoe.

Renault Zoe лани бил најпродаван електричен автомобил во Германија

Трикратно зголемување на продажбата на електричниот Renault Zoe на големиот пазар на автомобили во Германија лани. Секако дека нему му припаѓа и првото место во продажбата на електрични автомобили во земјата.

Renault Zoe и лани бил најпродаван електричен автомобил во Германија. Со вкупно 30.381 примероци, Renault Zoe ја зголемил продажбата на топ-европскиот пазар за трипати во споредба со преклани (+222 проценти). Конкретно, во 2019 година биле продадени 9.431 примероци од Zoe.

Електричниот автомобил од Франција првпат надмина 30.000 продадени примероци на германскиот пазар за една година. Zoe е воедно и најпродаван модел на Renault во земјата.

Renault Zoe постигнува досег до 395 километри според реалниот циклус WLTP и се одликува со интересни технички иновации. Последното моделско освежување ги опфати кабината и надворешниот изглед.

Само лани, во Германија се продадени повеќе примероци од Zoe отколку што вкупно биле продадени во шестте години претходно

Во 2021 година продолжува електричната офанзива на Renault. Почетниот чекор ќе ѝ припадне на целосно електричната изведба на познатиот Twingo. Французите ставаат нагласок на постепеното воведување хибриден погон во понудата од модели. По моделите Captur Plug-in-Hybrid, Mégane Plug-in-Hybrid и Clio Hybrid, кои веќе се продаваат на европскиот пазар, во следните месеци се очекува новиот Arkana Hybrid и новиот Mégane Plug-in.

Новини во електричниот погон годинава ќе има и кај марката Dacia, со целосно електричниот модел Dacia Spring. До 2022 година, групациајта ќе ја прошири понудата со осум чисто електрични и дванаесет модели со електрифициран погон.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Kia лани продала 2,61 милиони возила

Kia лани продала 2,61 милиони возила

И тоа е вложување: 40.000 ковани пари по цела каросерија