Рено Груп го назначи Филип Криф, поранешен директор во Ферари, за шеф за развој на технологија, на местото на Жил Ле Борње.
Криф, кој во моментов е извршен директор на Алпин, спортска и тркачка марка на Рено, ќе ја преземе новата должност на 1-ви септември и ќе му рапортира директно на извршниот директор Лука де Мео. Тој продолжува со функцијата во Алпин.
Ле Борње ќе преземе функција на стратешки советник на извршниот директор, наведува Рено во соопштението од 17-ти јули.
Криф ќе раководи со сите активности и со сите ресурси на групацијата што се однесуваат на инженерингот, повикувајќи се на своето искуство како шеф за технички развој во Феррари, наведуваат од Рено.
Како шеф на Алпин, Криф работеше на изградба на комплетна марка, почнувајќи од само еден ниш-модел, од спортското купе А110. Првиот новитет е спортскиот електричен автомобил А290 што беше прикажан годинава. Следен ќе биде компактен СУВ со електричен погон, со ознака ГТ, а потоа доаѓаат и низа спортски модели што ќе бидат конструирани околу новиот А110 и два поголеми СУВ, што се планираат за пазарот во САД.

Криф е дипломиран инженер на Екол Насионал Супериор де Техникес Авансе, и својата кариера ја започна во Мишелин. Следен работодавец му беше групацијата Фиат, а потоа Ферари и Масерати. Тој стана и технички директор на марката Алфа Ромео.
Во 2016 година, Криф се врати во Ферари како директор за инженеринг. Тој почна да работи во групацијата Рено во февруари 2023 година, на местото на директор за инженеринг и перформанси на модели во Алпин, пред да биде назначен за извршен директор во јули 2023.
Жил Ле Борње се вработи во Рено во 2020 година, по 30 години во групацијата ПСА.
Ле Борње во 2020 година дојде во Рено од групацијата ПСА, каде што работеше како главен инженер. Тој раководеше во првите три години од планот на Мео за реорганизација на групацијата, познат како Ренолушн, во времето кога производителот се соочуваше со криза. Тој работеше посебно на скусување на времетраењето на развојот и на трошоците, главно преку смалување на комплексноста.
„Тој успеа повторно да го развижи нашиот инженеринг и да ја врати ефикасноста, овозможувајќи ни годинава да пуштиме голем број нови модели во планот Ренолушн“, кажува де Мео за Ле Борње во соопштението.
Ле Борње, дипломец на Екол Насионал Супериор дес Керамике Индустриеле беше главен инженер во групацијата ПСА подолго од 30 години, пред да се придружи во Рено Груп во јануари 2020 година.
Во ПСА, тој беше архитект на платформата за Ситроен Це-3 и главен инженер за платформата А што ја користи групацијата. Во 2007 година, Ле Борње станува виш потпретседател, раководејќи со развојот на платформата ЕМП2 за модели од компакт и средната класа, како и со напредни концепти и платформи за возила. Ле Борње стана директор за истражување и развој во април 2013 година, а потоа и директор за квалитет и инженеринг во групацијата во септември 2016 година, на којашто позиција остана до мај 2019 година.















