Renault и Geely формираа заедничка компанија што ќе произведува мотори

Geely и Renault ќе вложат до 7 милијарди евра во заедничка компанија, којашто ќе се занимава со развој на бензински мотори и хибридна технологија за вградување во автомобили.

Заедничката компанија ќе има за цел да производува штедливи мотори со внатрешно согорување и хибридни системи, во време кога автомобилската индустрија е посветена на преоѓањето на целосно електрични возила, што бара големи инвестиции.

Организацијата во почетокот ќе работи со два оперативни центри: Renault ќе има центар во Мадрид, Geely во Ханџоу. За тимот од извршни директори се планира да има седиште во Велика Британија.

Renault во минатата недела објавија дека започнал со работа нивниот огранок за мотори со внатрешно согорување, со име Horse.

„Чест ни е што се качивме на ова патување, за да станеме светски лидер во хибридните технологии, со понуда на решенија со ниска емисија, за производителите на автомобили ширум светот“, изјави Ерик Ли, претседател на холдингот Geely.

Новата компанија ќе вработува 19.000 лица во 17 фабрики за мотори и пет центри за истражување и развој, објавија од Renault.

Компанијата во почетокот ќе ги снабдува како индустриски клиенти Renault, Geely, Volvo, Proton, Nissan, Mitsubishi Motors и PUNCH Torino.

Задничката компанија исто така ќе стои на располагање за развој на мотори и погонски решенија за други компании и „ќе им посака добредојде на партнерите што ќе сакаат да продолжат со зајакнување на синџирот на додадена вредност“, се наведува во соопштението.

Geely и Renault во новата компанија ќе постигнуваат производствен капацитет до пет милиони мотори со внатрешно согорување, мотори за хибридни и приклучни хибридни возила, и менувачи за нив, соопштуваат од Renault.

Ројтерс во март објави дека за новата компанија се очекува годишен промет во висина од 15 милијарди евра.

Saudi Aramco, коишто во март потпишаа писмо на намери со Renault и Geely, расположени се да направат стратешко вложување во новата компанија.

Саудискиот производител на нафта се наоѓа во напредни преговори за да преземе удел до 20 проценти во новата заедничка компанија.

Големите нафтени компании во изминатите години соработуваа со производителите на возила во развој на горива од одржливи извори и мотори што користат водород. Со вклучувањето во новата компанија, Aramco би бил прв голем производител на нафта, што вложува во автомобилскиот бизнис.

Новата заедничка компанија се очекува да биде лансирана во текот на годинава.

Претходна објаваMercedes умее да престигнува автоматски
Следна објаваВозење SsangYong: Денес во Барово, утре на Охридско Лето

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here