Renault Arkana: Купе-теренец само за Русите

renault arkana

На салонот во Москва на крајот на август ќе биде прикажан концептот Renault Arkana. Станува збор за купе-изведба од Kaptur, локално произведуваниот модел на база на Duster

Француската марка што одамна е одомаќена на рускиот пазар ќе прикаже студија на купе-теренец на салонот во Москва, којшто започнува веќе на 29-ти август. Renault Arkana е именуван според арканум, латински збор за тајна, кој со векови се користел за специјални и ретки настани.

Renault на Русите ќе им понуди стилска варијанта од својот модел Kaptur, кој за разлика од европската варијанта со слично име Captur, користи техника од актуелната Dacia Duster, место од Clio. Тоа што на единствената фабричка фотографија досега се гледа светлечка лента по целата ширина на идниот сериски модел, навестува дека новиот модел ќе става силен нагласок на стилската препознатливост.

renoarkana

Renault Arkana ќе биде резервирана за Русија – ослободена од високата царина, како домашен модел

Димензиите на каросеријата веројатно ќе добијат уште неколку сантиметри плус во споредба со Kaptur, чиишто габарити се 4,33 х 1,81 х 1,61 метар. Кај моторите исто така нема да има промени, што значи дека под хаубата ќе работи или 1,6 литарец со 114 КС или дволитарец со 143 КС. Посилниот бензинец се испорачува исклучиво во комбинација со погон на сите тркала, со можност за комбинирање со автоматски менувач со четири степени.

Мали се шансите дека идниот Renault Arkana ќе се нуди на пазарите надвор од Русија и некогашните советски држави. Kaptur на рускиот пазар чини 11.900 евра.

Топ 10 Најпродавани автомобили во Русија

Новиот СУВ-модел на Renault поаѓа од Русија

Претходна објаваЛондон резервира улици само за електрични возила
Следна објаваOpel GT X ја најавува идната Mokka

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here