
Најпродаван сегмент се компактните СУВ со 236.780 возила, што претставува на раст од 9,2 проценти. Фолксваген Т-Рок е прв модел во продажбата со 16,452 возила и покрај падот од 15 проценти.
По него следи уште еден Фолксваген, Тигуан, со 14.956 возила, за третото место да ѝ припадне на Киа Спортаж, со 12.776 возила. Целосно електричните модели се тие што посгигнаа најголем раст во продажбата, предводени од Елрок и Фолксваген ИД.4, којшто ја качи продажбата за 35 проценти, со 8.525 возила.
На малечките СУВ им припаѓа вториот најголем сегмент на европскиот пазар, со 170.779 возила и раст од 2,5 проценти. Тука предводи Тојота Јарис Крос со 15.356 возила, пред Пежо 2008 и Дачиа Дастер. Голем напредок постигна БИД Ато 2, дсотигнувајќи го 8-то место, со 7.679 возила, наспроти 636 во истиот период лани.
Потоа следат градските модели, односно малечките автомобили, коишто забележаа раст од 9,7 проценти и продадени 146.387 возила. Тука е прва Дачиа Сандеро со 19.709 возила. Втор е Пежо 208 со 13.337 возила и напредок од 12 проценти, додека на третото место е електричниот Рено 5 Е-Тек со 8.343 возила и зголемување од 49 проценти.
Од позначајните сегменти според бројот на возила, солиден раст постигнаа и СУВ од средна и виша класа, со 92.882 возила и 20 проценти раст. Шкода Кодијак води со 10.700 возила, блиску е БИД Сил Ју со 10.007 и раст од 61 проценти. На третото место е електирчната Шкода Енијак, додека Тесла Модел Уај падна на шесто место.
Од сегментите на возила од премиум марките, напредок од 22 проценти постигнаа СУВ и кросоверите од средна класа со продадени 56.527 возила. Најпродаван е Мерцедес-Бенц ГЛЦ со 13.602 возила, со одличен раст од 45 проценти, пред БМВ класичниот Икс 3 и електричниот и Икс 3.














