Porsche за три месеци продаде 53.000 возила

Porsche за три месеци продаде 53.000 возила
Porsche за три месеци продаде 53.000 возила

Porsche во првите три месеци од 2020 година испорача вкупно 53.125 возила на светскиот пазар. Продажбата се намалила за пет проценти во споредба со првиот квартал лани, како последица од корона-кризата.

Најпродаван модел е Cayenne со 18.417 испораки, по него следи Macan со 15.547 примероци. Новата моделска серија на Porsche 911 исто така наидува на одличен прием. Спортската икона е испорачана во 8.482 примероци. Тоа е дури и зголемување од 16% во споредба со лани.

Од Taycan, првиот електричен автомобил на Porsche, кој е на пазарот од крајот на минатата година, во првите три месеци веќе се испорачани 1.391 примероци.

Најголеми пазари на Porsche се САД и Кина

Најмногу возила во првиот квартал заминале кај кинеските возачи, конкретно 14.098 возила. Втори се САД со 11.994 испораки. Домашниот пазар традиционално постигнува висок удел во вкупната продажба на спортската марка, со испорачани 5.214 примероци. На целиот европски пазар, нов автомобил од Porsche добиле 16.787 возачки и возачи. Во Азија и Пацификот, Африка и Блискиот Исток, Porsche продал 22.031 возила.

Porsche нуди ексклузивен кожен ентериер за 911

Porsche нуди ексклузивен кожен ентериер за 911
Porsche нуди ексклузивен кожен ентериер за 911

Претходна објаваBentley со ново видео го прославува знаменосецот Mulsanne
Следна објаваКористените коли во САД поевтинуваат, Ford и GM стравуваат

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here