Porsche има и детска сликовница за јубилејот

porsche slikonvnica_n

По повод 70-годишнината на Porsche, германска издавачка куќа испечати детска сликовница. Младите читатели ќе го запознаваат светот на Porsche преку детално илустрирани сцени на седум двојни страни.

Содржините кои се опишани во овој „вимелбух“ (буквално книга за ползење, поради изобилсвото од детали) меѓу другото опфаќаат тестови на аеродинамика во воздушниот тунел на Porsche во Вајсах, монтажна линија во матичната фабрика во Цуфенхаузен или тура по тест патеката за теренско возење во фабриката во Лајпцих. Секако дека не смее да недостига и куса тура во музејот на Porsche и сцена од 24-часовната трка во Леман.

Сликовницата на Porsche е достапна преку онлајн-нарачка, во книжарниците во Германија и во музејот на марката.

porsche slikonvnica_f

Кавалкада на Porsche го полираше македонскиот асфалт

Претходна објаваТоп 5 Погодоци и утки на салонот во Париз
Следна објаваPeugeot 508 SW стартува во специјална серија „First Edition“

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here