Специјалистите на Consumer Reports најмногу веруваат на Porsche

Porsche 911 carrera 4s

Porsche е марка во којашто специјалистите за автомобили од американската организација на потрошувачи Consumer Reports имаат најмногу доверба. Тоа не е изненадување, исто како и пласманот на марките на дното на списокот, кои традиционално не минуваат кај американските возачи.

Американските автомобилисти имаат повеќе доверба во Porsche отколку во која било друга автомобилска марка. Во овогодишното рангирање во поглед на довербата и издржливоста од страна на организацијата на потрошувачи Consumer Reports, германската спортска марка се најде на највисоката позиција.

Лани првото место му припадна на Subaru, сега Porsche го презеде лидерството од Јапонците. Џејк Фишер, специјалист за автомобили во Consumer Reports, коментира околу исходот: „Марките на врвот на нашето рангирање произвеле одлични автомобили, кои минуваат добро на нашите тест-возења, издржливи се и оставаат мошне позитивен впечаток.“

Тоа важи и за останатите марки што се пласирани високо во рангирањето на американската организација, а меѓу нив се: Subaru (на 3-то место), Mazda (4), Hyundai (7) и Kia (9). Како суштинска разлика со Porsche, нивните автомобили се значително подостапни.

Останатите германски производители заостануваат во рангирањето зад Porsche. На шестото место е марката-сестра од концернот, Audi, осмото место му припаѓа на BMW, додека Volkswagen е дури на 16-то место. Mercedes, според американските „авто-тестери“ е дури на 20-то место од вкупно 33 марки во рангирањето на Consumer Reports.

Организацијата на потрошувачи даде повисоки оцени за Tesla, откако повеќепати во минатото посочи на слабиот  квалитет на изработка

Tesla напредувала осум места од лани и сега е на единаесеттото место. Според организацијата, тоа се должи на подобрената издржливост кај Model 3 и Model S. Калифорнискиот специјалист за електричен погон е воедно највисоко пласиран американски производител на автомобили.

Купувачите во САД веруваат во тестовите на Consumer Reports. Организацијата е високоценета поради внимателното и објективното оценување на автомобилите. Сите тестирани возила се купени од страна на организацијата, којашто патем и не заработува од реклами од производителите на автомобили.

За пласманот решаваат оцените при тестирањата на возилата, издржливоста врз основа на искуствени вредности, безбедноста – вклучувајќи оцени при краш-тестовите – како и задоволството од страна на сопствениците на возилата, врз основа на анкета меѓу членовите на Consumer Reports, дали тие повторно би го купиле истиот автомобил.

Најдобри автомобилски марки според Consumer Reports во САД

При оценувањето се земени превид повеќе критериуми, вклучувајќи ја очекуваната издржливоста врз основа на искуствени податоци, задоволството на сопствениците на автомобилите, оцените на возилата на тест во организацијата, како и бројот на тестирани модели што добиле препорака од C.Reports.

Со бои е прикажана оцената во одредените категории, од темнозелена како најдобра, преку светлозелена, жолта и, портокалова, до црвена како најслаба оцена.

https://photos.app.goo.gl/DqEqGdFJiHBb8o7Y7

Претходна објаваGolf GTI премиерно во Женева за 45-годишнината
Следна објаваПоловина милион нарачки за електричниот пикап на Tesla

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here