Porsche 911 стана милионер: Јубилеј на спортската икона

Еден милион примероци се произведени од автомобилската икона што и по повеќе од половина век остана верна на основните начела на прапредокот од 1963 година. Пред да се паркира во музејот, славеничкиот примерок на Porsche 911 ќе направи комплетна светска обиколка.

Една посета на Хамбург, Штутгарт или Франкфурт е доволна за човек да се увери во значењето што му се придава на овој автомобил. Во германските центри на трговијата, производството и банкарството се стекнува впечаток дека буквално секој петти автомобил по улиците е Porsche 911. Тоа што Џереми Кларксон постојано го деградира патриотски како обична „буба“, не е далеку од вистината. Porsche 911 во своите далечни почетоци навистина е сродник на „бубата“, но спортски навиен. „Елфер“ (од единаесетка), како што го нарекуваат Германците, навистина е еден од ретките чистокрвни спортски автомобили што можат без какви било откажувања да се возат во секојдневието.

porsche 911 milion 00002

Малку статистика: Во градот-држава Хамбург се регистрирани 4.189 примероци од Елфер (5,89 од 1.000 возила се Porsche 911), во покраината Баден-Виртемберг, кадешто е домот на марката, по улиците се возат 28.433 примероци (5,02 на 1.000), во банкарскиот Хесен има 13.406 примероци (4,13 на 1.000 возила), Баварците имаат 27.617 „единаесетки“ (4,08 на 1.000), петта е Северна Рајна-Вестфалија со 3,76 примероци од моделот на секои 1.000 возила или вкупно 32.346 примероци.

Ирско-зелена боја на каросеријата по пример на прапредокот од 1963 година

Во матичната фабрика на Porsche во Цуфенхаузен, во приградската населба на Штутгарт, денес е произведен милионитиот примерок од „Елфер“. Славеничкиот примерок е Carrera S со ирско-зелена боја на каросеријата, по пример на прапредокот од 1963 година.

porsche 911 milion 00007

Др. Волфганг Порше, претседавач со надзорниот одбор на Porsche AG, го следи развојот на 911 уште од почеток: „Пред 54 години со мојот татко го направивме првото возење по Гросглокнер (пат по Источните Алпи во Австрија). Во ова чувство во 911 уживам исто како тогаш. Основните вредности на нашата марка, благодарение на 911, денес се исто толку визионерски како кај првиот Porsche 356 Nummer 1 од 1948 година.“

Два од секои три произведени примероци уште се наоѓаат во возна состојба

Лани се испорачани 32.365 примероци од зачетникот на класата, повеќе од кој било друг актуелен модел од премиум-сегментот на спортски возила. Повеќе од 70 проценти од сите досега произведени примероци се во возна состојба.

porsche 911 milion 00008

Митот на „Елфер“ се должи и на победите во мотоспортот. Тоа што прави 911 да биде единствен е способноста автомобилот да биде подеднакво добар и на тркачка патека и на градските улици. Моделот има донесено околу 15.000 победи за марката.

Пред да се стационира во музејот, славеничкиот Porsche 911 Carrera S ќе го обиколи светот

Сите моделски изведби од спортското купе и неговата кабриолет верзија се произведуват во Цуфенхаузен – поточно е дека се изработуваат. Мајсторите во монтажата изведуваат 200 рачни потези, што е уште една основа за квалитетот. Покрај 718 Boxster и 718 Cayman, тука ќе се изработува и преродбеничкиот модел, сериската верзија на концептниот електромобил Mission E.

https://www.facebook.com/media/set/?set=a.10155625860792668.1073742067.53855227667&type=3

Милионитиот примерок останува во сопственост на Porsche AG. Пред да биде изложен во музејот на марката, тој ќе го обиколи светот, возејќи меѓу другото по шкотските планини, на Нирбургринг, како и низ САД и Кина.

porsche 911 milion 00001

porsche 911 milion 00004

porsche 911 milion 00005

porsche 911 milion 00009

porsche 911 milion 00003

porsche 911 milion 00011

porsche 911 milion 00010

porsche 911 milion 00009

 

Претходна објаваVolkswagen ги орасположува акционерите со 2900 колбаси и 12000 переци
Следна објаваДваесетгодишен BMW на рели од 6000 километри до Јордан

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here