за

Швајцарец е заслужен за првите нарачки од Porsche пред 70 години

porsche 356 nr 1 svajcarija

Малку е познато дека производството на Porsche 356 немаше да стартува без Рупрехт фон Зенгер. Швајцарецот во 1948 година ги нарачал првите пет возила, со опција за нарачка на уште 50 примероци. Но, тој се погрижил и за премиерното појавување на марката во Женева.

Без Швајцарија и салонот на автомобили во Женева, марката Porsche веројатно ќе доживееше сосем поинаков развој. Пред 70 години, младото претпријатие го претстави својот прв автомобил за време на одржувањето на Големата награда на Швајцарија во почетокот на јуни.

Автомобилот беше Porsche 356/1, спортскиот автомобил со мотор во средина и со број на шасија 356-001, когошто Фери Порше го произведе како прв примерок од серијата 356 во 1948 година. Возилото доби хомологација на осми јуни, а една недела подоцна му беше издадена и регистерската таблица со ознака K – 45 286.

Швајцарските медиуми за Porsche 356: „Такви возни својства треба да поседува еден модерен автомобил“

Новинарите во Берн беа одушевени, а „Motor und Sport“ (претходникот на auto, motor und sport) го оцени првиот 356 како „спој меѓу Volkswagen и тркачки автомобил на Auto Union за класата на спортските возила.“ Швајцарскиот магазин Automobil-Revue на 7-ми јули 1948 година пишуваше: „Како прво тест-возило, Porsche произведе отворен спортски двосед, когошто го возевме по кружната патека пред одржувањето на швајцарското гран-при и за многу кусо време стекнавме полна доверба. Такви возни својства треба да поседува еден модерен автомобил.“

Porsche вложува шест милијарди евра во електрични автомобили

Ова е најстарата 911-ка во сопственост на Porsche

Купувачите на Porsche Panamera преферираат хибриден погон

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

електрични автобуси франција flixbus

Електрични автобуси на релација од Париз до Амиен

загадениот воздух во бангкок

Загадениот воздух го загрозува туризмот во Бангкок