Porsche отсега „произведува“ и пневматици за старите модели

Спортската марка на Германците има проблем што и конкурентите посакуваат да го имаат. Над 70 проценти од сите произведени автомобили на Porsche уште се возат. За нив се потребни и соодветни пневматици.

Седум од секои десет автомобили што Porsche ги има произведено во целата своја историја уште се возат секојдневно. Незамисливо! Тоа што е слатка мака на марката од Цуфенхаузен, повлекува и обврски. За овие стари автомобили се потребни и соодветни пневматици, што ќе одговараат на „оригиналната“ состојба на возилото. За таа цел, Porsche во соработка со Pirelli работеше на развој, тестирање и хомологација на комплетна понуда од пневматици што се наменети посебно за секоја одделна генерација на модели.

Рели-легендата Валтер Рерл и Дитер Решајзен, тестер на гуми за Porsche, ги даваа главните насоки за развојот на ново-старите пневматици
Рели-легендата Валтер Рерл и Дитер Решајзен, тестер на гуми за Porsche, ги даваа главните насоки за развојот на ново-старите пневматици

Новите пневматици со изгледот и дизајнот на профилот изгледаат верно на историските оригинали, но во поглед на возните својства ги исполнуваат сите барања од современите генерации пневматици. За сите модели на Porsche произведени во периодот меѓу 1959 до 2005 година, стојат на располагање 32 специјални пневматици, вклучувајќи ги моделските серии 356 (B, C), Boxster (986), 911 (G, 964, 993, 996) и 914, како и за сериите со мотор напред, 924, 928, 944 и 968. Сите пневматици поседуваат сертификат N, со специјална хомологација за Porsche.

За некој пневматик да добие одобрение за вградување од Porsche, потребно е да мине серија од 33 најразлични тестови
За некој пневматик да добие одобрение за вградување од Porsche, потребно е да мине серија од 33 најразлични тестови

На фановите на марката им е важно да се задржи оригиналниот изглед на нивниот стар Porsche, што секако предвидува и дизајнот на профилот, ширината и висината на пневматикот да изгледаат верно. Тоа што е различно е материјалот и „внатрешниот“ живот на овие пневматици, што значи дека тие се изработуваат од современи материјали, исти како за актуелните генерации на пневматици, а и со носечката структура не заостануваат зад нив. Возачите секако ќе ги ценат подобрените возни својства, особено во поглед на контактот со подлогата на влажна подлога.

При развојот на специјалните пневматици за старите модели на Porsche, главниот збор го имаше рели-легендата Валтер Рерл, чиешто искуство е непроценливо за германската марка. „Возните својства уште не беа толку избалансирани во старите времиња. Новата генерација на пневматици одговара за начинот на возење на вистински спортски автомобил подобро од кога било досега,“ оценува Рерл.

Претходна објаваSaab 9-3: Шведскиот кабриолет што беше посилен и од турбото
Следна објаваShell има замисла за градски автомобил на иднината

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here