Пежо во улога на заштитник на океаните

Повеќе од 5.000 лица досега се имаат запознаено со содржините и целите на „Под Полот“

Пежо уште од мај годинава ја подржува програмата за истражување на подводните пространства „Под Полот“. Програмата ги соединува експедициите од целиот свет, вклучува научно истражување и акции за јавноста да стане свесна за неопходноста од заштитата на океаните.

Француската марка на Стелантис се ангажира дополнително во иницијативата за заштита на океаните, преку улогата на „официјален партнер за едукација“.

Програмата „Под Полот“ е основана во 2008 година од Жислан Барду и Емануел Перие-Барду во Конкарно, Франција. Тоа што ја спојува оваа програма со Пежо е амбицијата за науката и технологијата да се користат за заштита на животната средина, а посебно на океаните. Програмата има за цел и да влијае врз јавната свест за важноста на заштитата на океаните.

Во рамките на „Под Полот“ се организираат океански експедиции, посебно во поларните и изолираните подрачја и се потпомага научното истражување (во мезофотската зона, од 30 до 200 метри длабочина).

Тековната мисија трае до 15-ти октомври и во моментов се одвива на три места, во Грција, Италија и Франција. Се истражува дали медитеранските екосистеми можат да послужат како прибежиште за морскиот свет во услови на климатски промени.

Пежо главно се јавува во улога на организатор и финансиер на едукативните проекти во „Под Полот“. Со проширувањето на својот ангажман, Пежо воедно учествува во создавањето на едукативна содржина, којашто во дел ќе се објавува и на друштвените мрежи на марката. Програмата организираше проекти и предавања во неколку училишта во Грција. Стотина дечиња од основни училишта во земјата учествуваа во чистење на брегот и се запознаваа со опремата за нуркање на голема длабочина.

Секако дека Пежо учествува и со снабдување со возила. Два Пежо Боксер се користат за превоз на опремата. Едниот Боксер го влече чамецот што се користи при нуркањето, додека со вториот фургон се влече приколката во којашто се поставени едукативните материјали.

Во последните 12 месеци, повеќе од 5.000 лица се запознаа со целите и содржината на мисијата.

Покрај двата Боксери, Пежо обезбеди и три електрични модели Е-208 и Е-308 СВ.

Претходна објаваРено 4 ќе има голема премиера во Париз, електричен е
Следна објаваФранција и Британија угоре со електричните автомобили, Германија надолу

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here