Пежо 208 и 2008 добиваат мотор Турбо 100, со верига

Основната погонска единица во Пежо и натаму има три цилиндри, но и технологија од „големите“ мотори: Турбо со варијабилна геометрија, впрскување бензин под 350 бари и верига, место запчест ремен во масло.

Пежо почнува со вградување на нов мотор со ознака Турбо 100, што доаѓа на местото на претходникот Пјуртек и претставува сосем нова генерација на мотор, иако конструкцијата со три цилиндри и зафатнината од 1,2 литар остануваат непроменети. Сите зафати се направени во насока на Еуро 7, што значи и пониска потрошувачка, но суштинската промена е на друго место.

Последното што Пежо го наведува во соопштението за почетокот на вградувањето на новиот мотор Турбо 100 е воедно и најважното. Моделите во коишто ќе биде вграден наследникот на Пјуртек бараат помалку одржување. Тоа значи, место редовно сервисирање на 1 година или 20.000 километри, моделите со Турбо 100 мораат да одат на сервиен преглед најдоцна по 2 години или 25.000 километри.

Првите моделски серии во коишто ќе проработи новиот Турбо 100 се Пежо 208 и неговата СУВ-изведба Пежо 2008. Сосем е извесно дека новиот мотор ќе се вградува и во останатите моделски серии, односно во поголемите модели, вклучувајќи и изведби со благ хибриден погон и повисока моќност. Иднината му е обезбедена со тоа е подготвен за идните норми Еуро 7.

Француските инженери тврдат дека се ужива повеќе во возењето со новиот мотор, благодарение на примената на турбополнач со варијабилна геометрија. Тоа значи рана реакција и убедливо повлекување уште од најниски вртежи, а од друга страна и висок притисок натполнење и суверена моќност при повисоки вртежи.

Пежо наведува дека 70 проценти од вредноста на моторот отпаѓа на нови компоненти, вклучувајќи ја веригата, турбополначот, системот за впрскување, клиповите, блокот на моторот и други компоненти. .

Моќноста изнесува 74 киловати/101 КС при 5.500 вртежи, максималната вредност на вртежниот момент од 205 њутнметри се испорачува од 1.750 вртежи натаму. Зафатнината останува иста со 1.199 сантиметри кубни. Тоа се идентични вредности со ПјурТек, но разликата се огледува во перфомансите, вклучувајќи ги потрошувачката и емисијата на штетни материи.

Според фабрика, просечната потрошувачка се намалува за 0,1 децилитар, сега 5,1 литри на сто километри, со поосетна разлика во вредноста при возење на автопат, сега 5,3 место 5,6 литри. Соодветно и емисијата на ЦО2 се намалува за 1 грам на километар.

За штедливоста се грижат новиот систем за впрскување со притисок до 350 бари, во споредба со 200 до 250 бари кај Пјуртек, но и воведувањето на вентилски механизам со смалено триење, ново чело на клиповите и преоѓање на работа во милеров циклус, со задоцнето затворање на вшмукувачките вентили, заедно со зголемен степен на компресија.

Пежо 208 Актив 75 · Тест · Светиот број има уште комбинации

Се напоменува и зголемената трајност, благодарение првенствено на преоѓањето на верига, но промени има и во блокот на моторот, клиповите и клипните прстени, меѓу другото и заради смалување на потрошувачката на масло.

Прототипите опремени со новиот Турбо 100 минале заедно 3 милиони километри, вклучувајќи и неколку примероци што се тестирале и над 200.000 километри. Во тестирањето на моторот се опфатени и преку 30.000 работни часови на пробна рампа.

Претходна објаваМерцедес-Бенц вложува 4 милијарди долари во фабриката во Алабама
Следна објаваРено со електричното Твинго ќе го враќа во живот сегментот на мини автомобилите

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here