Пежо потврди три нови модели од фабриката во Милуз за 2029 година

Стелантис ќе произведува три нови електрични и хибридни модели од марката Пежо во својата фабрика во источна Франција, почнувајќи од 2029 година.

Во фабриката во Милуз во моментов се произведуваат двете каросериски изведби на Пежо 308. На сликата: Приклучен хибриден 308 за време на тестот во Аутомедиа

Новата стратегија на Стелантис предвидува забрзано воведување нови модели. Меѓу првите најави од концернот се трите нови модели на Пежо, со хибриден и електричен погон, од коишто првиот ќе стартува со продажба кон завршетокот на деценијата.

Лансирањето на трите нови модели со електрифициран погон е покриено со инвестицијата во висина од 400 милиони евра во фабриката во Милуз, настрана од петстоте милиони евра што се наменети за истражување и развој.

Повеќето од средствата за истражување на нови технологии и развој на нови модели ќе бидат наменети за новата платформа СТЛА Уан, што ќе се користи за изведување нови модели со хибриден и електричен погон.

Најавите од франко-италијанскиот концерн следат откако францускиот претседател Емануел Макрон во минатата седмица најави дека Стелантис ќе вложи 1 милијарда евра во Франција.

СТЛА Уан е темелот на новата стратегија што концернот Стелантис ја објави во минатата недела. Првиот модел што ќе биде конструиран врз оваа платформа ќе стартува со производство во Шпанија во 2027 година. Извори упатени во случувањата во концернот кажуваат дека се работи за новиот Пежо 208. Тој во иднина ќе се произведува само во електрична изведба.

Тоа ќе биде голема стратешка промена за Пежо, што тековниот 208 го произведува во Кенитра, Мароко, во изведби со бензински мотори и со електричен погон.

Со проозведувањето на електричниот Пежо 208 во ЕУ, ќе се задоволат предлог-барањата за „Произведено во Европа“ за електрични автомобили, како услов за државни субвенции и други повластици.

Француските медиуми објавија дека во Мароко ќе продолжи производството на Пежо 208 со бензински мотори.

Планот за нови модели на Пежо до 2030 година предвидува три нови модели од компакт класата, базирани врз СТЛА Уан. Два од нив се наследници на Пежо 308 во комбилимузинска и комби изведба, додека за третиот модел само се наведува дека тоа ќе биде „повеќе-погонски компактен СУВ базиран врз СТЛА Уан.“

Стелантис очекува раст на продукцијата до 2 милиони возила на годишно ниво во светски рамки, конструирани врз новата платформа, изјави извршниот директор Антонио Филоса пред медиумите во фабриката во Милуз.

Тој напомена дека новата платформа е за 20% поконкурентна во споредба со сегашните платформи.

„Тоа ќе биде платформа што на Стелантис ќе му овозможи паритет ист со Кинезите што проиведуваат во Европа,“ кажа шефот.

Стелантис вложува напори да ги намали неискористените капацитети во Европа, понудувајќи им дел од фабриките на партнери. Една од нив е фабриката во Рен, Франција. Друг начин да се постигне тоа е забрзано воведување нови модели, како што е случај со Милуз, додаде Филоса.

Тестот на Пежо 308 со приклучен хибриден погон во 2022 година

Хибриден Peugeot 308 цела планина качува на струја

Претходна објаваМерцедес ГЛБ · За секој ден и за секаде, секогаш Мерцедес
Следна објаваФиат ѝ пушта Гризли на конкуренцијата во СУВ-сегментот

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here