Aventure Peugeot, специјалисти за историските возила на француската марка, дел се од 42-то издание на салонот за олдтајмери Epoqu’Auto во Лион, кој е еден од најважните настани од ваков вид на европската сцена.
Во периодот од 5-ти до 7-ми ноември, Aventure Peugeot ќе го искористи своето присуство на салонот за историски возила Epoqu’Auto, за да одбележи два јубилеи. Во годината на својот 211-ти роденден, марката Peugeot на овој настан во Лион ќе потсети на 130-годишнината од Peugeot Type 3, како и на 80-годишнината од електричниот градски автомобил Peugeot LCV.
Peugeot Type 3 е историски важен затоа што е прв автомобил испорачан на приватно лице во Франција. Настанот се случил на 2-ри октомври 1891 година, кога месје Попарден, жител на Дорнах, го презел автомобилот што ми бил нарачан на 27-ми август. Четириседот на Peugeot користел мотор со 2 КС од Daimler.
По тестирањето на возилото со парен погон во 1889 година, Арман Пежо во 1890 година го произвел својот прв автомобил со бензински мотор, познат како Type 2. Една година подоцна, тој планирал да го претстави својот нов модел Type 3, со четири седишта со распоред Vis-à-Vis (лице во лице), следејќи ја велосипедската трка Париз-Брест-Париз. Целта била автомобилот да се покаже пред бројната публика на трката. Автомобилот совладал вкупно растојание од 2.045 километри, со просечна брзина од 14,7 km/h. Илјадници посетители првпат го виделе автомобилот на таа трка.
https://photos.app.goo.gl/NbWo5MQdZruTUYVb8
Во периодот меѓу 1891 и 1894 година, од моделот Peugeot Type 3 биле изработени вкупно 64 примероци. Моторот V2 на тој модел располага со зафатнина од 565 cm3, моќноста изнесува 2 КС, менувачот е четиристепен.
Од првиот автомобил во 1891 година, Peugeot досега има испорачано близу 75 милиони возила во 160 држави што се опфатени во продажбата мрежа на француската марка
Вториот јубилеј на Peugeot што се одбележува на салонот Epoqu’Auto е 80-годишнина на Peugeot VLV (Véhicule Léger de Ville – Light City Vehicle). За време на втората светска војна, недостигот од гориво условил производителите да бараат заменски решенија. Peugeot прв се заинтересирал и приредил големо изненадување претставувајќи го електричниот LCV на 1-ви мај 1941 година. Мини-кабриолетот со све седишта бил наменет за возење во градско подрачје и главно го користеле поштари и лекари. До 1943 година биле произведени 377 примероци од чисто електричниот автомобил.
Технички карактеристики на Peugeot LCV: Погон со електромотор од 2,5 kW, снабдување со енергија од 4 батерии од по 12 волти, досег меѓу 75 и 80 километри. Највисока брзина 36 km/h.
Денес светот изгледа сосем поинаку, по 211 години од основањето на марката. Последните 10 години донесоа едни од најголемите промени во историјата на автомобилизмот. Дигитализацијата и општото поврзување донесоа нов начин на размислување, нов пристап кон трошењето и нови видови мобилност.
Peugeot моментно нуди електричен погон во 70% од своето моделско портфолио. Новиот Peugeot 308 ќе се нуди во две изведби со приклучен хибриден погон, а од 2024 година и во чисто електрична изведба.
https://photos.app.goo.gl/mZD9u5AeJmKGoFL57
Љубителите на историските возила, на салонот во Лион – чијшто заштитен знак е лавот – ќе можат да се запознаат со широката понуда од услуги на Aventure PEUGEOT, вклучувајќи одржување, реставрација, продажба на резевни делови и на прибор.
https://laventurepeugeotcitroends.fr/
>>> Електрично Peugeot e-208 го прошета цело Мариово

















