Пежо е-208 ГТи: Сé е исто како пред 40 години, само е електрично

Пежо ќе одржи премиера на електричниот 208 ГТи на едно од своите омилени места, во Леман. Шефот Алан Фави ги остави деталите за в петок, 12-ти јуни.

Ако се цени според перформансите, со спринт за 5,7 секунди, сработени од 280 КС, новиот ГТи на Пежо е супериорен во споредба со оригиналниот 205 ГТи од 1984 година. Но, тој пак го има создадено култот, што сега ќе се обиде да го воздигне електричниот 208 ГТи.

Пежо многу ентузијастички го најави својот електричен е-208 ГТи, како продолжение на култот што го изгради 205 ГТи пред повеќе од 40 години. Но, и сцената одговори со ист толкав ентузијазам. Во изгледот на новиот ГТи, многумина јасно го препознаваат историскиот модел. Електричниот погон не би требало да биде проблем.

Марката со лавот уште лани го најави враќањето на ГТи, во форма на концептен автомобил. В петок, ветувањето на Пежо ќе стане реалност, е-208 ГТи стартува со продажба.

Според производителот, електричниот ГТи „ја оддава француската харизма на Пежо и иконскиот стил на ГТи, соединувајќи спортска нота и елеганција, во единствена хармоинија.“

Извршниот директор Ален Фави најави конференција за печат в петок, 12-ти јуни, во Леман.

Пред една година, на 13-ти јуни, во предвечерието на општо значајната трка 24 Ласа Леман, Пежо го најави враќањето на ознаката ГТи и го прикажа Е-208 ГТИ како концептен автомобил.

За настанот во Леман се исполирани три Пежоа Е-208 ГТи, во сина, бела и црвена боја, во боите на француското знаме. Поводот е голем, затоа што Пежо уште пред 100 години првпат возеше на Леман.

Точните податоци уште не се објавени, но може да се очекуваат:

  • Моќност 280 КС
  • Вртежен момент 345 њутнметри
  • Тежина 1530 килограми
  • Спринт до темпо сто за 5,7 секунди
  • Крајна брзина ограничена на 180 км/ч
  • Батерија 51 кВч
  • Досег 350 километри
  • Брзо полнење со моќност од 100 кВ за 35 минути до 80%

 

Претходна објаваТрета генерација на успешниот SUV: новиот Audi Q7 ги обединува разновидноста и перформансите
Следна објаваАуди Ку 7 со шест- и осумцилиндарци за САД, дизел и хибриди за Европа

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here