Ауди Ку 7 со шест- и осумцилиндарци за САД, дизел и хибриди за Европа

Новиот Ауди Ку 7 ќе биде достапен и со Ве-8 и Ве-6 мотори, но не за европскиот пазар. Важи и спротивното: Дизелите и хибридите што се барани во Европа, не одат за САД.

Ауди сака да постигне посилен пробив во Северна Америка. За пазарот во САД е планирана сосем различна понуда од мотори отколку за Европа.

Ауди Ку 7 стартува во третата генерација со мисија да се избори за посебно место во премиум сегментот на пазарот на СУВ-возила. Дел од новата стратегија е тоа што на различни пазари ширум светот ќе се нудат видови на мотори што и навистина се својствени за тие пазари.

На европскиот пазар засега се најавени само два турбодизели. Трилитарските Ве-6 мотори работат како благ хибрид и располагаат со моќност од 245 и 299 КС. Вртежниот момент им изнесува содоветно 500, односно 630 њутнметри.

Посебноста во техниката е електричното задвижување на компресорот и усовршениот благ хибрид, со електромотор со моќност од 24 КС и 370 њутнметри, што е вграден на излезот од менувачот и му помага на моторот.

Кон завршетокот на годинава, понудата ќе ја дополни бензински Ве-6, исто така изведен како благ хибрид, но и како приклучен хибрид.

Само бензинци за пазарот во САД

За купувачите во САД е осмислена сосем различна понуда од мотори. Основниот модел користи 2,9-литарски Ве-6 со битурбо натполнење, со моќност од 435 КС и вртежен момент од 475 њутнметри. Со осумстепен автоматик и класичен погон на сите тркала кватро, Ку 7 спринтува за 4,8 секунди до 60 милји на час, односно 96 км/ч.

Врвот во понудата е новиот С Ку 7. Таму работи познатиот четирилитарски битурбо Ве-8 со 600 КС и 800 њутнметри. Автоматикот и кватрото се надополнети со електронски контролиран диференцијал на задната оска. Спринтот во овој случај трае 3,7 секунди. Крајната брзина не се наведува.

Дизелите што уште се барани во Европа, не се предвидени за САД. Од таа страна на океанот не се интересни ниту хибридите.

Претходна објаваПежо е-208 ГТи: Сé е исто како пред 40 години, само е електрично
Следна објаваВодородниот погон сепак не е совршен, проблем се резервоарите

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here