Францускиот кросовер не оди на картата да се претвора лажно во теренско возило само за погледите на средината, туку негува единствен концепт со кој се издвојува од другите. Peugeot 2008 стартуваше со продажба со цена од 14.330 евра.
Со новиот Peugeot 2008 марката со лавот влегува во растечкиот сегмент на мини спортски теренци и нуди возило со компактни димензии, ниска тежина и штедливи мотори, со што ги исполнува желбите на купувачите кои бараат достапно многустрано возило што не го оптоварува домашниот буџет. Во исто време, со впечатливиот дизајн кој се карактеризира со многубројни вкусно изведени детали, 2008 се издвојува во уличната слика и се прикажува како возило за луѓе кои негуваат посебен животен стил.
Како практичен урбан кросовер, Peugeot комбинира подвижност на градски автомобил, со чувство на просторност и практичност на миниван. Со должина од 4,16 метри и ширина од 1,74 метар, францускиот кросовер поседува способност во исто време да се снаоѓа во градскиот метеж, но и како патничка лимузина за целото семејство.
Стратегијата на даунсајзинг, која што Peugeot 2008 ја наследува од комбилимузинскиот 208, се однесува на димензиите на каросеријата и на тежината на возилото, но и на моторите. Новиот трицилиндарски бензинец и дизелите со докажана штедливост и издржливост ја обезбедуваат потребната динамика во возењето, но поднесуваат и сметка на животната средина со чистата емисија.
Совршена ергономија во внатрешноста
Главна цел во развојот на дизајнот на ентериерот беше возачот и патниците да добијат максимална ергономија и функционалност. За таа цел, инженерите појдоа по нов пат и применија неколку иновативни решенија. Централна улога во новиот концепт на ентериерот има необично малиот волан со пречник од само 35 сантиметри. Инструментите се поставени повисоко од обично и со тоа се поставени совршено во видното поле на возачот. Ракувањето со основните функции на возилото се врши преку дисплејот со пречник од 7 инчи во средишната конзола, кој е достапен во серија веќе во второто ниво Active.
Благодарение на интелигентното искористување на просторот, во кабината има доволно простор и на задната клупа. Високата практичност на Peugeot 2008 ја обезбедуваат бројните прегради во кабината, како и багажникот со волумен од 360 литри, кој во неколку лесни потези за соборување на клупата расте до 1.194 литри и притоа нуди рамен под по целата површина.
Новиот бензинец троши 4,9 литри
Французите ја продолжуваат стратегијата на даунзајсинг во палетата на мотори. Покрај познатиот 1,6-литарски бензинец кој е развиен заеднички со BMW, понудата на бензинци ја дополнува новиот 1,2-литарскиот трицилиндарец со 82 КС, кој се одликува со компактна конструкција, ниска тежина и намалено внатрешно триење. Како резултат, неговата просечна потрошувачка изнесува 4,9 литри.
Истото важи и за 1,6-литарскиот дизел, во верзии со 92 и 115 КС, кои доаѓаат сериски со систем старт-стоп и филтер за честички чад. Ако се комбинира со автоматизираниот шестстепен менувач, верзијата со 92 КС троши само 3,8 литри дизел на сто километри.
Богата опременост уште во основното ниво
Peugeot 2008 е достапен во трите нивоа на опрема Access, Active и Allure. Веќе основното ниво за 14.330 евра доаѓа опремено со шест воздушни перници, АВЅ, контрола на стабилност, темпомат, централна брава со далечинска команда, патен компјутер, електрика и греење на ретровизори, електрика на предни прозорци и носачи за багаж на покривот.
Верзијата Active, кој ашто се очекува да биде најзастапена во нарачките за моделот, дополнително поседува радио со команди на волан, блутут и USB, мануелен клима уред, кожа на воланот, бандажи од 16 инчи, магленки и команден дисплеј во средишната конзола. Врвното ниво Allure се издвојува по благородните детали во надворешниот стил, двозонската автоматска клима, автоматиката за светла и бришачи, спортските седишта, паркинг сензори, алу-бандажи од 16 инчи и амбиентално осветлување со светлечки диоди во таванот.
[box type=”info” ]Иновативни технологии за секојдневието и за авантура
Дополнителен придонес во безбедноста во возењето постигнува системот Grip Control, кој што ја подобрува тракцијата и контролата на возилото на лизгава подлога. Овој систем е дел од контролата на стабилноста и наспроти концептите со погон на сите тркала постигнува предност во тоа што не ја оптоварува тежината на возилото со дополнителни компоненти за пренос на сила, а со тоа ја одржува ниска и потрошувачката на гориво. Grip Control е повеќе решение за возачите кои што повремено го користат возилото надвор од асфалтот и бараат зголемена стабилност при лизгав пат, но не ги прифаќаат безусловно недостатоците на погонот на сите тркала.[/box]
Галерија на Peugeot 2008
[nggallery id=70]