за

Домаќинства и хотели во Британија изнајмуваат полначи за струја

Не е проблем доколку во близина нема полнач за струја, мобилна апликација на британски оператор сега ги наоѓа и приватните полначи.

Домаќинства и хотели во Британија изнајмуваат полначи за струја

Компанија што преку мобилна апликација организира изнајмување приватен паркинг во бројни градови во В. Британија и го прави тоа мошне успешно, сега им нуди посебна услуга и на возачите на електрични автомобили.

Името на компанијата YourParkingSpace одамна се среќава во содржините на Аутомедиа. Нивниот онлајн-портал за изнајмување паркинг излезе со целосно нов дизајн, но е ставен силен нагласок на паркирањето и можностите за полнење за електрични автомобили. Тоа следува по последната инвестиција во висина од 5 милиони фунти од Pelican Capital, кој понатаму ќе соработува поинтензивно со YourParkingSpace.

Меѓу првите достигнувања во насока на електромобилноста е потпишувањето договор со Atlas Hotels, кој првично постави пет станици за полнење во хотелот Holiday Inn Express Bicester. Следен чекор е поставување на уште 250 станици за полнење до почетокот на следната година, во целиот ланец од хотели. Овие локации секако дека ќе бидат дел од апликацијата за наоѓање паркинг и полнач за електрични возила.

Менаџерите со апликацијата понатаму наведуваат дека со можноста возачите директно да се упатат до резервиран паркинг, место долго да кружат околу во потрага по слободно место, атмосферата се поштедува од 132 тони СО2 годишно.

Во последниот период е забележано нагло зголемување на сопственици на простор за паркирање со полнач за струја што се пријавуваат на платформата. Моментно постојат околу 4.000 такви локации ширум земјата.

www.yourparkingspace.co.uk

Во мрежата на YourParkingSpace.co.uk спаѓаат над 65.000 места за паркирање во цела Велика Британија, почнувајќи од приватно место за паркирање пред домот или во двор, до компании што оперираат со цели паркиралишта. Просторот се резервира преку апликацијата, којашто секако нуди и детален и точен преглед на понудувачите на паркинг. До денес, апликацијата им има донесено на понудувачите заработка во висина од 42,5 милиони фунти. Повеќе хотели исто така се дел од мрежата, меѓу нив Premier Inn, Morrisons и Novotel.

YourParkingSpace.co.uk се најде на 86-то место во Tech Track 100, рангирање на техно-компании со најбрз раст во ВБ, и на 169-то место во годишната листа FT1000 за најбрзо растечки компании во Европа.

https://www.instagram.com/p/CGVQKm3A0Ah/

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Kia трета година ќе ја поддржува Лигата на легенди

Екстремите на Toyota GR Yaris - Карбон, алу и 4175 варови

Екстремите на Toyota GR Yaris: Карбон, алу и 4.175 варови