И папата вози Dacia

Папа Фрањо Dacia
Папа Фрањо Dacia

Неговото височество папата Фрањо доби како дар Dacia Duster, во изведба што е приспособена за потребите на папата. Возилото за Светиот Отец на ватиканската држава беше испорачано денес од страна на претставници на романската марка во рамките на групацијата Renault.

Групацијата Renault изработи специјална изведба од Dacia Duster, како посебен подарок за неговото височество папата Фрањо. Папамобилот е лакиран во бела боја, со внатрешност во беж боја. Специјалниот модел е изработен врз основа на Dacia Duster, долг е 4,34 метри и широк 1,8 метар.

Преработката на Dacia Duster е дело на одделението за изработка на прототипи и за возила за специјални нарачки на Dacia во Доманија, во соработка со каросериската работилница Romturingia. Возилото има 5 седишта, со едно седиште што е изведено посебно удобно и секако дека е место за папата.

Посебно за потребите на папата, возилото поседува голем сончев покрив, отстранлива стаклена заштита, каросерија спуштена за 30 милиметри заради полесен пристап, како и внатрешни и надворешни држачи.

https://photos.app.goo.gl/BWoi9SBXquHj1uaV9

https://photos.app.goo.gl/jjcpQP853fr3re9p8

Ламборгинито на папата Франческо се продаде за 715.000 евра

Претходна објаваКако е наместен дуелот меѓу пикапот на Tesla и Ford F-150
Следна објаваДомашна премиера на Kia XCeed: Кога Ceed ќе се надмине себеси

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here