Opel укинува три модели, воведува струја

opel adam rocks

Opel скусува три модели од својата понуда, како дел од санацијата на марката под покривот на PSA. Заминува и Adam, во Тиринген ќе се произведува хибриден модел

Opel до крајот на 2020 година ќе претстави осум нови или освежени модели. Производителот од Риселсхајм официјално потврди дека в година пристигаат новата генерација на градската легенда Corsa и наследникот на Vivaro.

Opel Grandland X
Grandland X ќе добие плагин хибридна изведба по пример на Peugeot 3008
Малечкиот трендовски модел Adam, којшто се произведува во Ајзенах од 2013 година, останува во понудата до крајот на 2019 година. За него нема наследник, исто како и за малечкиот Karl и за кабриолетот Cascada. На местото на Adam, во фабриката во Ајзенах во иднина ќе е произведува верзија на СУВ-моделот Grandland X со плагин-хибриден погон.

Германскиот производител, кој припаѓа во францускиот концерн PSA од август минатата година, најавува дека секој свој модел до 2024 година ќе го нуди и во верзија со електрифицирана погонска спрега. Тоа е воедно и единствениот начин за производителите на автомобили да ги исполнат строгите ограничувања на емисијата на штетни материи.

Претходна објаваБерлин од април забранува сообраќај за стари дизели на 11 улици
Следна објаваПеттиот Audi City во светот е отворен во Варшава

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here