Опел планира да произведува во фабрика во Алжир

Производството ќе се одвива во веќе изградена фабрика на Стелантис во северноафриканската земја.

Опел почна да продава во Алжир во ноември 2023 година

Опел планира локално да ги произведува своите модели за африканските пазари и за Блискиот Исток. Шефот Флориан Хуетл го најави тоа на својот профил на Линкдин.

Хуетл напиша: „Опел избра Алжир да биде нова производствена локација надвор од Европа… Овој чекор претставува значајно проширување на меѓународното присуство на Опел на Блискиот Исток и во Африка, воедно зајакнувајќи го нашиот долгорочен ангажман за долгорочен и регионален раст.“

Опел веројатно ќе се произведува во фабриката во Оран

Можно е Опел за таа цел да ја користи постоечката фабрика на Стелантис во Тафрауи, во покраината Оран. Од германската марка не потврдија. Според претставници на Опел, „овој проект уште е во зачетокот.“

Фабриката на Стелантис со проектиран капацитет од 90.000 возила годишно почна да работи во декември 2023 година. Во моментов таму работат 1.600 лица на производство на првите модели што се изработуваат во Алжир, од полуготови модули (ЦКД). Се монтираат Фиат 500 (откако повеќе не се нуди во Европа) и Фиат Добло. По нив е можно да следат и некои подостапни модели на Опел.

Уште во 2023 година беше навестено дека во Тафрауи ќе се произведуваат и модели од другите марки на Стелантис. ЦКД-производството постепено ќе се заменува со сопствено производство. Планот за годинава е да се пуштат во работа лакирница, погон за заварување и преси за каросериските панели.

Опел сака на овој начин да го зајакне присуството на новите пазари во раст. „Оваа одлука ја прикажува стратешката определба на Опел,“ порача Хуетл.

Регионот станува сé поважен за производителите

Во регионот на Средниот Исток и Африка, концернот Стелантис во 2024 година испорача 538.000 возила. Статистиката за 2025 уште не е објавена. Стелантис има силно присуство на пазарот во Алжир и постигнува пазарен удел од две третини. Најголемиот дел сепак му припаѓа на Фиат. Најважен Опел во регионот е Турција, каде што германската марка учествува со 6 проценти.

Изградбата на фабрика за марката Опел во Алжир може да биде корисен чекор поради пониските трошоци за производство, посебно за ценовно достапните модели. Во поглед на видот на погон, главно се возат модели со мотори со внатрешно согорување.

Во регионот веќе подолго време произведуваат Рено, Пежо и Ситроен, но и Дачиа произведува во северна Африка. Околу фабриките во Мароко и Тунис се изградени масивни паркови на погони во коишто добавувачите изработуваат компоненти за фабриките за автомобили. Опел ќе има корист од тоа.

Опел се продава во Алжир од 2023 година

Опел уште во 2023 година започна со продажба во Алжир. Купувачите наскоро ќе можат да изберат модели од локално производство.

Претходна објаваЏенсен најавува враќање на сцената со ексклузивен гран туризмо
Следна објава„Нека дојдат“: Трамп ги покани кинеските производители на автомобили во САД

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here