Еуроимпекс, генерален увозник за брендовите Peugeot и Opel, ги отвораат вратите со специјална понуда за моделите на Opel за сите посетители и потенцијални клиенти.
Новата кампања “Opel Open Days” донесува „жешки“ цени коишто ќе можат да ги искористат само најбрзите.
Понудата е со ограничен рок и важи за моделите Corsa, Astra и најновиот модел во понудата на Opel, Grandland. Станува збор за возила од лагер, а секако дека во посебната понуда спаѓа и новиот знаменосец на германската марка, Grandland, којшто во почетокот на годинава имаше мошне впечатливо појавување на сцената.
Големите модели на Opel имаат традиција и име на македонската автомобилска сцена. Иако СУВ, Grandland го зазема местото што со генерации ѝ припаѓаше на Insignia. Пазарот, не само во средната класа, денес се ориентира сé повеќе кон СУВ-моделите, на сметка на лимузините.
Во соопштението за кампањата, Еуроимпекс порачува „да не откриваме премногу, посетете ги салоните на Opel или веб страницaта www.opel.mk и следете ги на социјалните медиуми за да бидете во тек кои сé возила се вклучени во кампањата и по која цена и ниво на опременост.“
















