за

Opel Insignia Grand Sport ќе добие нов погон на сите тркала

Opel ќе го понуди својот знаменосец и во изведба со погон на сите тркала. Според производителот, Insignia Grand Sport е единствен модел во сегментот кој користи погон на сите тркала со варијабилна распределба на вртежниот момент меѓу тркалата на иста оска.

Две ламеласти спојки го заменуваат конвенционалниот диференцијал кај верзијата со погон на сите тркала од новата Opel Insignia Grand Sport. Тие имаат задача силата на моторот да ја распределат соодветно на условите на возење во променлив сооднос меѓу внатрешното и надворешното тркало на задната оска во свијоци.

Благодарение на оваа техника, новата Insignia ќе реагира побрзо на промената на правец при влегување во свијок и ќе обезбеди поголема странична стабилност, како и подобра тракција. Возачот може да избира програми „Tour“ и „Sport“ за работата на подвозјето и погонската спрега. Во спортскиот модус, системите дозволуваат поголемо странично пролизгување. Како опција ќе се нуди и осумстепен автоматски менувач. Продажбата на Opel Insignia Grand Sport започнува рано напролет.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Автономни возила на дело – во минијатурна големина

Porsche заврши уште една рекордна година