Опел Корса четврта година во низа е најпродаван градски модел во Германија

Опел Корса и во 2024 година беше најпродаван модел од градската класа во Германија. Со продадени близу 45.000 примероци, Корса е пред Фолксваген Поло и Тојота Јарис, коишто се на второто и третото место, со продадени 36.757, односно 33.048 примероци.

Според педантната германска статистика, на Корса ѝ припаѓаат 29,4 проценти од вкупната продажба на модели на Опел на германскиот пазар лани. Тоа е речиси двојно повеќе од третиот најпродаван модел на Опел во Германија, Мока, којашто постигна удел од 14,6 проценти. Првото место во продажбата на марката ѝ припаѓа на Астра, којашто постигна раст од 90 проценти и вкупно 47.600 продажби лани.

Уште еден податок што зборува за општото расположение на пазарот за овој модел на Опел претставува и неговиот удел од 12,8 проценти во вкупната продажба на модели од градската класа лани. Од секои осум продадени возила во оваа класа, една е Корса.

Вкупната продажбата на сите моделски изведби на Корса е намалена за 19,0 проценти во споредба со преклани, што се должи единствено на одлуката на владата на Олаф Шолц, во декември ’23 ненадејно да ги укине широкоградите субвенции за електрични автомобили. Изведбата Опел Корса Електрик постигнуваше одлична продажба додека Берлин го потпомагаше купувањето автомобили на струја.

Податоците што ги објавува германскиот пазар понатаму покажуваат дека од изведбата со хибриден погон се продадени 1.225 примероци и речиси трипати повеќе примероци со електричен погон (3.572).

Најпродавани модели од градската класа во Германија во 2024

Марка и модел

Продажба ’24

OPEL CORSA 43,467
VW POLO 36,757
TOYOTA YARIS 33,048
MINI MINI 32,571
SKODA FABIA 27,438
SEAT IBIZA 21,089
FORD PUMA 18,383
PEUGEOT 208 16,595
CITROEN C3 16,093
MITSUBISHI SPACE STAR 14,022
AUDI A1 13,463
HYUNDAI I 20 11,886
RENAULT CLIO 11,132
SUZUKI SWIFT 9,091
MAZDA 2 8,598
NISSAN JUKE 6,675
SUZUKI IGNIS 6,004
MITSUBISHI COLT 4,793
MG ROEWE 3 2,254
HONDA JAZZ 1,174
RENAULT R5 942
RENAULT ZOE 765
FORD FIESTA 411
DS DS3 257
KIA RIO 89
HYUNDAI INSTER 27
Други 12
NISSAN MICRA 9
Вкупно 80,319

Од премиерата во 1982 година и низ шест генерации досега, Опел Корса има постигнато 14,6 милиони примероци на светскиот пазар. Опел кај оваа моделска серија честопати го има докажано своето кредо, за новите и напредни технологии да се направат достапни за најширокиот круг купувачи. Кај актуелниот модел, тоа важи за матричните диодни светла и за системите за асистенција.

Видеото од тестот на Опел Корса Хибрид

Претходна објаваЕвропскиот автомобилски пазар ќе расте во 2025 година
Следна објаваКаде исчезна загадувањето денес?

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here