Opel нуди виртуелна посета на музејот со 600 историски возила

Виртуелната прошетка моментно е достапна само на германски јазик, меѓутоа на многумина ќе им значи многу да ги видат уште еднаш автомобилите што им оставиле впечаток и им останале во сеќавање. На адресата opel.de/opelclassic може да се изберат тематски тури „Alternative Antriebe“, „Rallye Racing“, „Roaring Twenties“ и „Mobilität für Millionen“. Не е тешко да се погоди за што станува збор: Алтернативен погон, тркачки рели автомобили, лудите 20-ти и мобилност за милиони.

Овој чекор на Opel ќе усреќи бројни фанови на марката и општо автомобилисти, што не се во можност да ја погледнат во живо музејската поставка во поранешниот железнички товарен терминал K6 во фабриката на Opel во Риселсхајм.

Преку прошетки во 360 степени, посетителите можат виртуелно да ја погледнат понудата во „светите хали“ на историската збирка на Opel. Станува збор за непроценливо богатство од 600 историски автомобили и студии, како и уште 300 други експонати, почнувајќи од машините за шиење од почетоците на комнанијата, до авионски мотор.

Со жолта точка се означени возилата за коишто стојат на располагање дополнителни информации, било да станува збор за историското значење на експонатот или едноставно за технички податоци.

Одделението за историски возила Opel Classic овозможува виртуелно да се посети богатата збирка во којашто се содржани 120 години автомобилско производство и 159 години историја на марката.

https://www.opel.de/microapps/opelclassic/

>>> Тест · Opel Corsa 1.2 DI Turbo GS Line

Претходна објаваЕлектричната изведба на BMW X3 со новини во 2022 годиште
Следна објаваОвој Mercedes C-Class вози по секаков терен

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here